• недела, 30 јуни 2024

Минатата недела санкционирани 196 непрописно паркирани возила на територијата на Општина Центар

Минатата недела санкционирани 196 непрописно паркирани возила на територијата на Општина Центар
Скопје, 11 јули 2022 (МИА) – ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје минатата недела санкционираа 196 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. -Во периодот од 04.07. до 10.07.2022 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 87 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 109 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, се наведува во соопштението од Општина Центар. ЈП ПОЦ и Општина Центар, како што стои во соопштението, континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општината. дма/сп/

Остани поврзан