Милиони луѓе без струја во Куба, во колапс системот на националната електрична мрежа
- Милиони луѓе во Куба останаа без електрична енергија кога денеска повторно не функционира системот на националната електрична мрежа, соопшти Министерството за енергетика и рударство.
Хавана, 4 декември 2024 (МИА) - Милиони луѓе во Куба останаа без електрична енергија кога денеска повторно не функционира системот на националната електрична мрежа, соопшти Министерството за енергетика и рударство.
Прекините на струја се голем проблем на островот, каде што жителите веќе се соочуваат со недостиг од храна, гориво, вода и лекови, пренесуваат агенциите.
Министерството за енергетика и рударство на земјата соопшти дека електраната „Антонио Гитерас“, најголемиот производител на електрична енергија во земјата, во Матанцас, престанала да работи околу 2 часот по полноќ по локално време, предизвикувајќи колапс на мрежата низ островот. рп/
Фото: МИА архива