Милик го чека зимскиот преоден рок, тој беше блиску до трансфер во Рома
- Напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик изјави дека го чека зимскиот преоден рок за да оди во нов клуб.
Неапол, 13 октомври 2020 (МИА) – Напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик изјави дека го чека зимскиот преоден рок за да оди во нов клуб.
Претходно беше објавено дека за 26-годишниот Полјак се заинтересирани Рома, Јувентус и Тотенхем.
- Беше чудна година поради пандемијата. Нашиот настап не беше најдобар, бидејќи завршивме седми. Поминавме низ многу тежок момент, вклучително и поради промената на тренерот. Потоа имаше пауза поради коронавирусот. Но, сезоната заврши добро, бидејќи го освоив првиот трофеј во мојата кариера.
Сега ќе го чекам следниот преоден рок и се надевам дека има соодветни клубови. Физички сум добро, тренирав индивидуално, изјави Милик за „Sportowefakty.pl“ .
Милик во Наполи дојде од Ајакс во 2016 година. зс/