• понеделник, 23 декември 2024

Милиет: Турските служби за безбедност спречиле голем терористички напад во Истанбул

Милиет: Турските служби за безбедност спречиле голем терористички напад во Истанбул

Истанбул, 23 јуни 2023 (МИА) - Турските безбедносни служби спречија голем терористички напад во Истанбул, пишува весникот „Милиет“.

Според пишувањата на турските медиуми, во нападот требало да учествува и странски државјанин, кој е приведен, и кој, според досегашните информации, е главен осомничен. 

Странецот е приведен во Истанбул, во областа Бахчелиевлер.

Засега службите не ја откриваат неговата националност.

Кај осомничениот биле пронајдени два нерегистрирани пиштоли и експлозивна направа. сд/

 

 

Остани поврзан