• недела, 22 декември 2024

Милевски: Секој гол и секој бод е важен

Милевски: Секој гол и секој бод е важен

Скопје, 6 ноември 2024 (МИА) - Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, повика на максимален пристап на претстојните средби од Лигата на нации.

- Во ова издание секој бод и секој гол е важен. Секој натпревар го почнуваме со цел да победиме и да ги намалиме грешките кои што се неизоставен дел од секој дуел. Победа е императив на мечот со Летонија, но очекувам многу потежок натпревар од тој во Рига. Свесни за важноста на овие два натпревар и главна цел ни е да останеме на првата позиција, изјави Милевски. 

„Црвено-жолтите“ на 14 ноември ќе играат со  Летонија, три дена подоцна се среќаваат со Фарски Острови.

Двете средби ќе се играат во Скопје. 

По 4.коло во Групата-4 од Ц-сегментот, Македонија е лидер со 10 бодови, Ерменија има 4, Летонија 4, Фарски Острови 3. зс/

Фото: МИА

Остани поврзан