Милатовиќ: Самитот Брдо-Бриони е можност за зајакнување на регионалната соработка
- По пленарната седница, се очекува прес-конференција на која ќе зборуваат претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ, претседателката на Словенија Наташа Пирц Мусар и претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ.
Подгорица, 8 октомври 2024 (МИА) - Претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ е домаќин на Самитот на лидерите од процесот Брдо-Бриони, кој денеска започна со пленарна седница во Тиват, во зградата на Збирката на поморско наследство на Порто Монтенегро.
На седницата се дискутира за подобрување на соработката меѓу земјите од Западен Балкан и членките на Европската Унија, пренесува црногорскиот портал Вијести.
По пленарната седница, се очекува прес-конференција на која ќе зборуваат претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ, претседателката на Словенија Наташа Пирц Мусар и претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ.
Од кабинетот на Милатовиќ соопштија дека самитот е прилика за потврдување на добрососедските односи и зајакнување на регионалната соработка, како и за интензивирање на стратешкиот дијалог меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан.
Лидерите на сите земји членки на процесот пристигнаа на седницата, освен претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој најави дека ќе се приклучи подоцна на работниот ручек. ссм/
фото: Кабинет на претседателка на Северна Македонија