• четврток, 04 јули 2024

Милан ја подигна понудата за Чалханоглу на четири милиони евра годишно

Милан ја подигна понудата за Чалханоглу на четири милиони евра годишно
Милано, 8 февруари 2021 (МИА) - Милан продолжува да преговара за нов договор со играчот за врска Хакан Чалханогу, пренесува новинарот на „MilanNews.it“, Антонио Витиело. Според изворот, управата на италијанскиот клуб не сака да го смести играчот во друг тим. Милан е подготвен да му исплати на играчот од средниот ред четири милиони евра годишно (плус бонуси). Претходно, Турчинот изјави дека сака да добие седум милиони евра во клубот од Милано. Тековниот договор меѓу фудбалерот и Милан се пресметува до летото 2021 година. Во тековната сезона во Серија А, тој одигра 18 натпревари, постигна еден гол и реализираше осум асистенции. зс/

Остани поврзан