• петок, 28 јуни 2024

Милан подготвува 3,5 милиони евра по сезона за Чалханоглу

Милан подготвува 3,5 милиони евра по сезона за Чалханоглу
Милано, 8 јануари 2021 (МИА) - Милан има намера да му понуди договор на играчот за врска Хакан Чалханоглу со плата од 3,5 милиони евра по сезона, објави „Скај Спорт“. Разговорите со агентот на 26-годишниот Турчин ќе се одржат следната недела. Како што е наведено, играчот за врска сака двојно повеќе, па нема многу шанси за позитивен исход. Во исто време, Милан не сака да ја зголеми понудата, бидејќи други играчи исто така можат да бараат покачување. Оваа сезона, Чалханоглу одигра 22 натпревари за Милан на сите турнири, постигна шест гола и оствари девет асистенции. Неговиот сегашен договор трае до летото 2021 година. зс/

Остани поврзан