• сабота, 23 ноември 2024

Милан и Лацио водат во борбата за Геце

Милан и Лацио водат во борбата за Геце
Рим, 24 мај 2020 (МИА) - Играчот од средниот ред на Борусија, Дортмунд, Марио Геце ќе го напушти клубот летово. Според „Фудбал Италија“, во борбата за фудбалерот предничат калчолигашите Милан и Лацио. Исто така, Геце го бараат Рома, Ница, како и клубови од Премиер лигата, Турција и Кина. Забележано е дека Геце очекува да добие плата близу до сегашните пет милиони евра. Оваа сезона, 27-годишниот Германец има одиграно 14 натпревари во Бундеслигата и постигнато три гола. зс/

Остани поврзан