• четврток, 11 јули 2024

Милан близу до потпис со Тонали и Дијаз

Милан близу до потпис со Тонали и Дијаз
Милано, 2 септември 2020 (МИА) - Фудбалерите на Бреша, Сандро Тонали и Реал Мадрид, Брахим Дијаз се очекува многу брзо да станат дел од тимот на Милан. Двајцата младинци ќе бидат подложени на лекарски прегледи оваа недела и ќе се преселат на „Сан Сиро“ за изнајмување. Според „Скај Спорт Италија“, двајцата се очекува да потпишат договори со „росонерите“ до крајот на неделава и зделките да бидат завршени. Тонали ќе дојде на позајмица од Бреша за 10 милиони евра, а Милан ќе има опција да го купи трајно на крајот на сезоната за нови 15 милиони евра и дополнителни 10 во форма на бонуси. Ова ќе ја донесе зделката на 35 милиони евра или иста сума со која Интер се согласи да ја плати за италијанскиот играч за врска пред да го откаже трансферот. Претседателот на Бреша, Масимо Челино веќе се согласи на зделката, оставајќи му само на Тонали да помине лекарски прегледи. Што се однесува до Брахим Дијаз, тој ќе се пресели во Милан како трансфер без опција за негово идно купување од Милан. „Росонерите“ и Реал Мадрид одлично се согласуваат и имаат џентлменски договор да разговараат за потенцијален трансфер на крајот на сезоната. Се очекува утре играчот да биде во Милано на лекарски прегледи.

Тагови

Остани поврзан