• недела, 22 декември 2024

Милановиќ: Сараево и неговите спонзори не се грижат за Хрватите во БиХ

Милановиќ: Сараево и неговите спонзори не се грижат за Хрватите во БиХ

Загреб, 7 септември 2024 (МИА) - Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ денеска изјави дека тој и премиерот - Андреј Пленковиќ, мора да се договорат како да им помогнат на Хрватите во БиХ да си ги вратат основните права, бидејќи политичко Сараево и неговите спонзори, Канцеларијата на високиот претставник и САД, не покажуваат интерес за тоа.

Милановиќ на фестивалот „ЗеГеВеге“ за одржливо живеење ја коментираше дводневната посета на Пленковиќ и рече дека „конечно собрал храброст“ да зборува за нерамноправноста на Хрватите, добивајќи слична реакција како и тој.

- Пленковиќ беше два дена во Босна и Херцеговина. Конечно собра храброст и проговори за пресудите на Сејдиќ-Финци, за тоа како Хрватите не можат да го избираат својот член на Претседателството, што го опструира политичко Сараево,“изјави Милановиќ.

Тој потсети дека веќе шест години говори за овој проблем, а сега Пленковиќ конечно го призна, иако многу други земји би барале повеќе.

- Мораме да се договориме што да направиме за тие луѓе. Политичко Сараево и неговите спонзори, тоа е Канцеларијата на високиот претставник и американската амбасада, не се грижат за Хрватите во БиХ, додаде Милановиќ. ссм/

фото: архива

Остани поврзан