• понеделник, 23 декември 2024

„Миг за славење“: Џесика Симпсон ослабе 45 килограми

„Миг за славење“: Џесика Симпсон ослабе 45 килограми
Лос Анџелес, 21 април 2022 (МИА) - Откако загуби 45 килограми, американската пејачка и глумица Џесика Симпсон гостуваше во шоуто „Рил“ (The Real) и ја откри тајната на успехот во слабеењето... Трите бремености оставија белег на линијата на Симпсон. Пејачката која денес е на почеток од петтото десетлетие од својот живот, по третата бременост стигнала до 110 килограми. Иако не се срамела од својата тежина, таа признава дека губењето 45 килограми било „миг за славење“. https://youtu.be/VHWNXKfPK1I - Па, беа потребни три години. Верувам во поставувањето мали цели. Тоа ми помогна да ги постигнам главните. Решив да се фотографирам во костим за капење затоа што се гордеев со себе. Го постигнав она што изгледаше невозможно. Добивав многу тежина за време на бременоста. Сега славам, но тоа беше навистина напорно. Не знам дали е поради годините или поради хормоните, сподели таа. Харли Пастернак, тренерот на Џесика, еднаш откри како ги постигнала своите фитнес-цели. Таа доследно го следела планот за исхрана за „ресетирање на телото“, кој вклучува три оброци дневно - богати со протеини, влакна и масти.  си/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан