• недела, 22 декември 2024

Мигрантите и барателите на азил во Велика Британија исходот ќе го чекаат во Руанда

Мигрантите и барателите на азил во Велика Британија исходот ќе го чекаат во Руанда
Кигали, 14 април 2022 (МИА) - Руанда потпиша договор со Велика Британија вреден неколку милиони фунти, според кој ќе прима мигранти и баратели на азил од различни националности кои пристигнале во Велика Британија. Договорот со Руанда е финансиран од  Велика Британија со 120 милиони фунти и предвидува мигрантите чија националност и услови за пристигнување не се наведени, да бидат интегрирани во источноафриканската држава. Британската опозиција Договорот со Руанда го оцени како невозможен за спроведување и нехуман. Додека Владата истакнува дека целта на Договорот е да се сузбие дејствувањето на криумчарите со луѓе, така што ќе им се ускрати потенцијалниот извор на приходи. Предвидено е британскиот премиер Борис Џонсон да објави нови мерки за сузбивање на илегалната имиграција. Британската Влада со месеци се обидува да склучи договори со трети земји во кои ќе испраќаат мигранти додека чекаат да бидат разгледани нивните барања. Британската Влада планира да донесе закон за создавање центри за мигранти во странство додека се обработуваат нивните барања, а можно е да и дозволат на крајбрежната стража да ги отстранува чамците со мигранти од британските води. Минатата година во Велика Британија влегле над 28.000 луѓе, додека нивниот број во 2020 година изнесуваше 8.500, а во 2018 година биле само 300 во 2018 година. Голем број луѓе загинале при обидот да го преминат морето. ми/

Остани поврзан