• петок, 14 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски
МИА Флеш

5 март 2025  

Скопје  - Угостителските услуги за периодот јануари – февруари 2025 година, во однос на истиот период од минатата година, се поскапени за 5.9 %, соопшти Државниот завод за статистика

Во февруари годинава, во однос на истиот месец лани, цените на угостителските услуги се зголемени за за 6.0 %.

Скопје - Поведена е постапка против 10 осигурителни компании заради основано сомнение дека се здружиле во картал којшто е директно на штета на граѓаните и стопанството. 

- Десетте осигурителни компании кои вршат услуги од областа на осигурувањето на територијата на Македонија, во месец април 2024 година, преку усогласено однесување ја замениле состојбата на непречена конкуренција на релевантниот пазар со состојба на практична соработка помеѓу претпријатијата, чија цел е нарушување на конкуренцијата, преку зголемување на продажната цена на премијата/процентот за вршење на дејноста на осигурување (режиски додаток), што е дел од премијата за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица и задолжително се плаќа при регистрацијата на моторни возила, информираа од Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Скопје - Планирано е да се објави оглас за прием на 300 професионални војници во македонската Армија, соопшти премиерот Христијан Мицкоски.

Во изјава за медиумите по работната посета на скопско Марино, претседателот на Владата ги повика сите заинтересирани млади луѓе да се пријават и рече дека се добредојдени доколку сакаат да се вклучат во одбранбено-безбедносниот систем на државата.

Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски очекува да бидат изгласани интерпелациите за петтемина членови на Судскиот совет во Собранието, најверојатно на седница во вторник, 11 март, кои ги поднесе владејачкото мнозинство со потписи од 67 пратеници. 

Прашан за очекувањата од исходот на седницата на која ќе се расправа за отповикување од членовите во Судскиот совет избрани од Собранието - Весна Дамева, Тања Чачарова-Илиевска, Павлина Црвенковска, Миљазим Мустафа и Селим Адеми, Мицкоски одговори: „зар треба коментар на тоа што треба да правиме – се знае“.

Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека за време на престојот во Будимпешта, каде се одржа меѓувладина седница, изјави дека не се сретнал со поранешниот премиер Никола Груевски, но дека средби остварувале поранешни функционери на СДСМ и ДУИ.

Тој одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали се сретнал со Груевски во Будимпешта, но и за придобивките кои ги има земјава од заедничката седница и посетата таму, рече дека таква средба немало, а доколку има јавноста ќе биде информирана, бидејќи води транспарентна политика.

Скопје - Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска беше домаќин на делегација на амбасадори на Шведска, со кои оддржаа тркалезна маса во контекст на шведската поддршка за евроинтегративниот процес на Северна Македонија.

Муртезани, како што соопшти Министерството за европски прашања, изрази благодарност за принципиелната поддршка на Шведска за патот на Северна Македонија кон ЕУ и нејзиниот реформски процес.

Струга - Со изведување докази и сослушување сведоци во Основниот суд во Струга денеска повторно почна од почеток судскиот процес против градоначалникот Рамис Мерко за набавката на автомобил „Ауди А6“ за потребите на Општина Струга. Судењето за  поставеното спомен обележје – плоча на влезот на општинската зграда беше одложена поради здравствени причини на обвинителот кој го застапува предметот.

Расправата за набавката на луксузниот автомобил почна од почеток поради промената на судечкиот судија, кој на претходното рочиште побара време да ги разгледа списите за случајот. Иако одбраната достави приговор за застареност на делото, тоа беше одбиено од страна на претходниот судечки судија, а истото го прифати и новиот судија Јордан Јованов. Според него, решението останува во сила, бидејќи има прекин на застареност.

Скопје - Полициските службеници во рамки на интензивните сообраќајни контроли на подрачјата на осумте сектори за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден издале 777 платни налози, по преземени мерки по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила.

Како што информира МВР, по однос на изречените прекршочни санкции и натаму најголемиот број изречени прекршоци против возачи – 227 се однесуваат на непрописно паркирање, а 212 се однесуваат на непочитување на дозволената брзина на движење. Потоа следат прекршоците по основ на непоседување на возачка дозвола – 53, па прекршоците за некористење на сигурносен појас (47) и за користење на мобилен телефон при возење (28), како и 25 прекршоци што ги сториле пешаци.

Скопје - Почина македонски продуцент Панче (Панта) Мижимаков (1946-2025), соопшти денеска Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ).

- Изразуваме длабоко жалење по повод смртта на нашиот драг и почитуван колега, истакнатиот македонски продуцент Панче (Панта) Мижимаков. Во својата обемна професионална биографија вбројува големи успеси на македонската кинематографија, се наведува во соопштението од ДФРМ.

Анкара - Турција ќе почне да гради ѕид на границата со Грција со цел да спречи илегални влегувања во Европска Унија, изјави гувернерот на турската провинција Едрене, Јунус Сезер.

- Планирано е годинава да почне изградба на 8,5 километри, истакна Сезер, чија покраина граничи со Грција и со Бугарија.

Белград - Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска изрази загриженост за нарушувањето на работата и насилството во српскиот парламент вчера и повторно повика на деескалација на тензиите преку создавање услови за инклузивен дијалог со учество на сите засегнати страни.

-Многу сме загрижени поради нарушувањето на работата и насилството во српскиот парламент. Парламентот треба да биде место за демократска дебата во интерес на сите граѓани и треба да ја исполни својата улога, рече Кос.

Будимпешта - Постои стратешка поделба, трансатлантски јаз меѓу поголемиот дел од Европа и САД за време на претседателот Доналд Трамп, објави премиерот на Унгарија, Виктор Орбан на платформата Икс објави дека „постои стратешка поделба, трансатлантски јаз меѓу поголемиот дел од Европа и САД за мандатот на претседателот Доналд Трамп“.

Тој истакна дека „едната страна инсистира на продолжување на војната во Украина, додека другата бара крај на конфликтот. Унгарија останува цврсто посветена на мирот, посочи Орбан.

Прага - Европа треба да ја ангажира САД во дебатите за безбедноста и да помогне во пронаоѓањето начин да ја зближи со Украина, откако Вашингтон ја стопираше воената помош за Киев, изјави чешкиот министер за надворешни работи, Јан Липавски.

Тој истакна дека Европа мора да биде подготвена да ја замени поддршката на САД за Украина и европската безбедност со сопствени ресурси. Чешката влада веќе дискутира за зголемување на трошоците за одбрана на 3 отсто од БДП во наредните години, во споредба со 2 отсто лани.

Букурешт - Кандидатот за претседател на Романија од владејачката коалиција, Крин Антонеску, изјави дека неговиот ривал – крајнодесничарскиот кандидат Калин Георгеску – е „кандидат на Русија“.

- Уште од првиот ден на кампањата кажав дека Георгеску е кандидат на Русија“, рече Антонеску во интервју за телевизијата Б1.

Париз - Претседателот на Франција, Емануел Макрон вечерва ќе се обрати до нацијата.

- Во овој момент на неизвесност, кога светот е соочен со големи предизвици, вечерва ќе Ви се обратам, објави Макрон на платформата Икс.

Москва - Русија позитивно го оценува изразеното расположение на украинскиот претседател Володимир Зеленски за преговори околу војната, но сè уште не е јасно со кого Русија би можела да разговара, соопшти Кремљ.

Зеленски го изрази својот став во писмо, кое вчера јавно го обелодени претседателот на САД, Доналд Трамп.

Копенхаген - Шефот на данската дипломатија Ларс Локе Расмусен денеска изјави дека е значајно што претседателот на САД, Доналд Трамп го признава правото на самоопределување на Гренланд.

- (Трамп) кажа дека (тие) го почитуваат правото на самоопределување на Гренланѓаните и тоа, мислам, е најважниот дел од овој говор, истакна Локе Расмусен.

 

Остани поврзан