• сабота, 27 јули 2024

МИА Радио флеш

МИА Радио флеш

23 мај 2024

Скопје - Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите, упати честитка до припадниците на влашката заедница во земјава.

 -На овој празник се потсетуваме на прифаќање на вистината дека Власите се посебен народ, со сопствен јазик, автентична култура и многувековно постоење на овие простори. Живеејќи омеѓени во неколку балкански држави, за Власите се вели дека се народ со многу татковини. А сепак, само во нашата заедничка македонска татковина, Власите се уставно признати и општествено ценети. Тоа се должи на македонската традиција на соживот и на почитување на достоинството на различноста, но и на влогот на Власите во борбата за слободна македонска држава. Пред 80 години, Власите рамноправно учествуваа и во формирањето на асномска Македонија, се посочува во честитката.

И покрај предизвиците во образованието, претставниците на влашката заедница, како што се додава во честитката, континуирано придонесуваат во секоја општествена сфера. Затоа, државата мора да ги отстрани и последните пречки за нашите сограѓани, Власи, да можат без никаков проблем да го остваруваат основното човеково право на образование.

Рим - Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска со аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск официјално ја почнува неколкудневната посета на Ватикан и Рим во рамки на чествувањето на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј.

Како што јавува известувачот на МИА од Рим, Сиљановска Давкова оваа година ја предводи државно-црковната делегација во посета на Рим и Ватикан по повод манифестацијата „Македонија во чест на Свeти Кирил“, а денеска претседателката освен аудиенцијата кај папата и традиционалната размена на подароци, ќе се сретне и со државниот секретар на Ватикан, монсињор Пјетро Паролин. 

По официјалните средби во Ватикан шефицата на државата ќе даде изјава за медиуми.

На аудиенција кај папата денеска треба да присустува и бугарскиот претседател Румен Радев, но засега, како што велат од кабинетот на Сиљановска Давкова се уште не е потврдено дали двајцата претседатели ќе имаат евентуална средба.

Давкова и Радев оваа година во Рим во различни денови го чествуваат Денот на сесловенскиге просветители. Радев денеска ќе биде во базиликата „Свети Климент“ на литургија за Свети Кирил и во црквата „Санта Марија Маџоре“.

Претседателката Давкова, според агендата утре на 24 Мај ќе го одбележи Денот на сесловенските просветители со посета на базиликата „Свети Климент“ каде се наоѓа гробот на Св. Кирил. Молебенот ќе го водат митрополитот Дебарско-кичевски, Тимотеј и митрополитот Европски, Пимен.

Скопје– Според првичните резултати по прегласувањето во седум избирачки места во изборните единици 5 и 6 на Парламентарните избори 2024 Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува со 58 пратенички мандати, додека Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ загуби еден пратеник и има 18 пратенички мандати, исто колку и Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ. Коалицијата „Вреди“ по прегласувањето доби еден пратеник повеќе и сега има 14, додека Движење ЗНАМ за наша Македонија и Левица остануваат со по шест пратенички мандати.

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги сумира вкупните резултати од гласањето на парламентарните избори, вклучувајќи го и прегласувањето. Веќе течат роковите за приговори до петок, 19 часот, а за сумирање и утврдување на резултите до петок, 22 часот.

Како што информира претседателот на ДИК, Александар Даштевски на прес-конференција, во изборната единица (ИЕ) 5 коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 74 287 гласови или 10 мандати, коалицијата „Европски фронт“ на ДУИ има 27 278 гласови или четири мандати, коалицијата „За европска иднина“ предводена од СДСМ доби 26 668 гласови или три мандати, Левица има 9 850 или еден мандат, коалицијата „Вреди“ 10 793 еден мандат и ЗНАМ 8 671 или еден мандат

Во ИЕ 6 „Европски фронт“ освои 53 731 глас или осум мандати, „Вреди“ 47 849 гласови или 8 мандати, „Твоја Македонија“ има 21 639 или три мандати, а „За европска иднина“ освои 6 414 или еден мандат.

Скопје - Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Попладне претежно во источните делови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14, а максималната од 21 до 28 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 26 степени.

Москва - Руските воздушни одбранбени сили утринава соборија неколку воздушни цели на приодот кон Белгород, а гранати погодија два детски кампа, во напад во кој според првичните податоци нема жртви, соопшти регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков.

„Нашиот систем за противвоздушна одбрана работеше над Белгород и Белгородската област, беа соборени неколку воздушни цели на приодот кон градот, немаше прелиминарни жртви“, напиша Гладков на Телеграм.

Берлин – На активистите кои од вчера попладне ги заземаат просториите на универзитетот во Берлин во знак на поддршка за Палестинците, ќе им биде дозволено да останат до денеска навечер јави ДПА.

Претседателката на универзитетот Јулија фон Блументал рече дека Универзитетот Хумболт се согласил со ова по синоќешните разговори со студентите.

Универзитетот ќе ја толерира окупацијата до 18:00 часот денеска по локално време, рече фон Блументал. „Очекуваме потоа тие мирно да ја напуштат зградата“, додаде таа.

Денеска попладне ќе биде организиран настан за дискусија, на кој ќе присуствуваат активистите, претседателскиот одбор и академици.

Тој наведе дека во Белгород од директни удари на гранати биле оштетени помошниот објект во еден детски камп и стадионот во друг, како и дека се запалила сува трева на површина од 50 метри квадратни.

Покрај тоа, според тврдењата на рускиот функционер, причинета е мала материјална штета на неколку приватни станбени згради во две села во областа Белгород, по нападот на Вооружените сили на Украина.

Техеран – Иранскиот претседател Ебрахим Раиси, кој минатиот викенд загина во хеликоптерска несреќа, денеска ќе биде погребан во неговиот роден град Машхад.

Раиси треба да биде погребан во градскиот храм на имамот Реза, осмиот имам на шиитскиот ислам.

Се очекува да присуствуваат високи претставници на пријателски држави, меѓу кои и претседателот на рускиот парламент Вјачеслав Володин, пренесе ДПА.

Иранската државна железничка компанија организираше специјални возови за превоз на оние кои сакаат да присуствуваат на погребот од Техеран до североисточниот град.

Тел Авив – Воениот кабинет на Израел му наложи на преговарачкиот тим да продолжи со напорите за да се обезбеди ослободување на заложниците, јавија израелските медиуми рано утрово, повикувајќи се на изјава од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Воениот кабинет претходно заседаваше четири часа.

Бидејќи Израел и палестинската милитантна организација Хамас не преговараат директно едни со други, Египет, Катар и САД дејствуваат како посредници во војната во Газа.

Последната рунда преговори заврши без резултати. Оттогаш, разговорите се заглавени.

Во терористичките напади на Хамас и други екстремистички групи во израелската погранична област на 7 октомври минатата година, беа убиени околу 1.200 луѓе, а повеќе од 200 луѓе беа земени како заложници во Газа.

Мексико Сити – Девет лица загинаа, а голем број се повредени, откако силни ветрови синоќа предизвикаа уривање на дел од бина за време на настанот во рамки на изборна кампања во североисточно Мексико.

Гувернерот на Нуево Леон, Самуел Гарсија, кој присуствуваше на местото на настанот, рече дека девет лица, меѓу кои и малолетник, загинале, а 50 се здобиле со средни или сериозни повреди. Најмалку три лица биле на операција.

- Ако можете, избегнувајте да излегувате бидејќи има бури и нетипични ветрови, напиша Гарсија на Х.

- Жалам за несреќата во Сан Педро Гарза Гарсија, напиша мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор на X.

Остани поврзан