МИА Општински пул
- 11 септември 2024
11 септември 2024
Охрид - Млади ентузијасти, уметници од Културолошката иницијатива „5 до 12“ какои членови на навивачката група „Рибари“ ќе цртаат графити на јавни површини низ Охрид.
Станува збор за проект на локалната власт „И ѕидовите зборуваат на Охридски – цртање на мурали и графити на јавни површини со мотиви од Охрид“, како дел од активностите во рамки на одбележувањето на 80-годишнината од ослободувањето на Охрид и е дел од годишната програма за култура на општината.
Дебар - Во хидроелектраната „Шпилје“ кај Дебар, која е значаен електроенергетски капацитет, во изминатите десет месеци од годинава произведени се 206.912 мегават часови (MWh) електрична енергија, што е за 5.211 повеќе споредено со истиот период минатата година.
-Во периодот јануари-октомври произведени се 206.912 MWh, што претставува остварување од 78 отсто во однос на планираното годишно производство, со просечна кота на акумулација за октомври 563,31 метри. Вкупниот дотек на вода во енергија, од реките Радика и Црн Дрим за октомври изнесува 9.728 мегават часови, информираа за МИА од ЕСМ.
Куманово - Чешката амбасада донираше современ инкубатор за новороденчињата во кумановската општа болница за одделот неонатологија. На денешното примопредавање на инкубаторот, присуствуваше и министерот за здравство, Арбен Тараври. кој заедно со менаџерскиот тим на болницата се заблагодарија за донацијата на апаратот, значаен за кумановската болница.
- Посебна чест и задоволство денеска со амбасадорот на Чешка во Макеоднија да ја посетиме општата болница во Куманово заедно со директорот и со заменик министерот да промовираме нов апарат, можеби не многу скап, но важен за функционирањето на неонатаолшкиот оддел за Куманово. Се работи за инкубатор кој недостасуваше во болницата во Куманово, инкубаторот е еден од поновите модели се надевам дека ќе им користи на новореднчињата кои ќе имаат потреба од инкубаторот, изјави министерот Таравари.
Кочани - Жителите на општина Зрновци добија комплетно уреден простор за рекреација во рамки на проектот „Фитнес зона на отворено“ што се наоѓа во близина на Етно паркот на влезот во општинскиот центар.
Фитнес зоната е изградена на земјиште во државна сопственост и за уредувањето и опремувањето инвестирани се околу 800 илјади денари, што Локалната самоуправа ги доби како грант од Амбасадата на НР Кина. Дополнително кофинансираше и средства од сопствениот буџет.
Штип - Познатиот германски бренд „Лидл“ во Штип е заинтересиран за отворање на маркети на две локации. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска на новинарско прашање, каде ќе биде лоциран „Лидл“ во Штип, одговори дека оваа компанија е заинтересирана за две локации, едната е спроти поранешното нервно одделение, каде што во моментов и интензивно се доградува и булеварот „Партизанска“, а втората е кај автобуската станица во Штип.
- На потегот кај булеварот „Партизанска“ веќе се работи на земјените работи, а втората локација од она што го добивме како информација од страна на оваа компанија е дека преговараат со сопственикот на објектот на Автобуската станица. Информациите исто така говорат дека Автобуската станица делумно ќе остане овде, нема да се дислоцира. Така да на еден дел на оваа површина најверојатно ќе се постави соодветен објект, каде што ќе биде и вториот маркет на „Лидл“, вели Јорданов.
Струга - Три рибарски мрежи со должина од по сто метри, улов од 56 парчиња риба Охридска белвица и друг риболовен алат пронашла полицијата во водите на Охридското Езеро во блзина на Струга, соопшти денеска СВР Охрид.
Според информацијата, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, вчера во водите на Охридското Езеро, реализирале мерки согласно Законот за рибарство и аквакултура.
Скопје - ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека денеска поради уличен водоводен дефект Ф 2“ (цола) на улица „Црвена Скопска Општина“ бб, кај Црквата Св.Димитрија, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 12:00 часот до завршување на работните активности.