• понеделник, 23 декември 2024
МИА Општински пул

20 ноември 2024 

Скопје - Спортски самит со наслов „Today’s sport“ (Идни предизвици во спортот и образованието) ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Здружението за развојни иницијативи - Геостратешки институт Глобал. Како што информира организаторот, предвидено е присуство на гости од Германија, Франција, Белгија, Словенија, Грција, Норвешка, Србија, Босна и Херцеговина и од Косово.

Според најавеното, самитот ќе го отвори заменичката амбасадорка на Соединетите Американски Држави, Никол Варнес. Предвидени се обраќања и на претседателот на ГИ Глобал - Иван Анастасовски, градоначалникот на Крива Паланка - Сашко Митовски, градоначалникот на општина Аеродром - Дејан Митески, заменик министерот за економија Марјан Ристески, деканот на ФФОСЗ - Влатко Неделковски, поранешниот претседател Ѓорге Иванов, министерот за локална самоуправа Златко Перински, ректорот на УКИМ - Биљана Ангелова, а видео обраќање ќе има министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

Скопје - ЈП Водовод и канализација - Скопје информира дека денеска поради изведување на водоводен приклучок на ул. „Мице Козар“ 27а, Општина Ѓорче Петров, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности. 

Скопје - Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски потенцира дека е потребна стратегија на ниво на Град Скопје кадешто ќе се вклучи градот и сите општини во решавање на проблемот со загадувањето во Скопје.

Герасимовски потенцира дека се поставени филтри за прочистување на воздух скоро во сите основни училишта на територија на Општина Центар и со самите градинки.

„Дополнително, во градинките се поставени НАНО филтри на прозорците за прочистување на воздухот и планираме во текот на следната година да започнеме поставување филтри на прозорците и во самите училишта. Покрај садење на зеленило, покрај поставување на филтери за прочистување и надворешно прочистување на воздух, бараме начин да преку субвенции на тротинети и велосипеди ги менуваме навики за што поголем број на луѓе помалку ги користат возилата како превозно средство“, вели Герасимовски.

Тој истакнува дека градскиот превоз не ни е на задоволнително ниво коешто дополнително прави проблем и со загадување, но и со сообраќаен хаос низ општината и општините во градот.

Остани поврзан