• вторник, 07 мај 2024

МИА Најави - свет

МИА Најави - свет

21 Април 2023

Берлин – Во воената база Рамштајн, Германија, состанок на Контакт групата за Украина, на кој ќе учествува и американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.

Даблин – Премиерката на Србија Ана Брнабиќ ја завршува дводневната посета на Ирска.

Лисабон – Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва до 25 април е во официјална посета на Португалија.

Женева – Светската метеоролошка организација го објавува годишниот извештај за состојбата на климата.

Франкфурт – Штрајк на германските железници чии вработени бараат зголемување на платите.

Атина – Конференција за Сирија на која ќе присуствуваат делегации на земјите од ЕУ и пратеникот на ОН за Сирија, Геир Педерсен.

Остани поврзан