• понеделник, 23 декември 2024
МИА Најави - МКД

10 април 2023

Скопје - Интерпартиската парламентарна група за заштита на природата и борба против загадувањето и климатските промени (Зелена група) ќе одржи работна средба со претставници на невладината организација Еко-свест и Глобалниот еколошки фонд. (Собрание, Сала на Уставна комисија/10:00)

Скопје - Собранието ќе одржи осум последователни седници. (11:00)

Скопје - Премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и директорот на Фондот за иновации и техонолоши развој Фестим Халили ќе се обратат на промоцијата на првиот дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција во јавен сектор - АДА. (Фонд за иновации и технолошки развој, ГТЦ, втори кат/11:00, 

Битола - Промоција на меѓународен проект „Стимулирање на зелени вработувања: Клучни точки за прекугранични образовни и технолошки иновации“. (БАС-Битола/11:30) 

Струмица - Прес-конференција на Елеуса Фондација по повод хуманитарниот концерт „Звукот на човечноста“. (НУЦК „Антон Панов“/12:00)

Струмица - Трета сесија од Форумот во заедницата во Општина Ново Село. (ресторан „Мичел“, Ново Село/12:00)

Скопје - Прес-конференција на Македонското археолошко друштво (МАД) и Националниот комитет на Меѓународниот совет за споменици и локалитети - ИКОМОС Македонија. (Жена-парк/10:00)

Скопје - Семинар „Вовед во критичка психологија“ со проф. д-р Атанасиос Марвакис. (КСП Центар-Јадро/17:00)

Скопје - Промоција на новата поетска збирка „Глуво време“ од македонската поетеса Виолета Танчева-Златева. (Изложбен салон на КИЦ/19:19)

 

——————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан