• понеделник, 28 октомври 2024
МИА Најави МКД

29 октомври 2024 

Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 17-тата седница (Сала „Македонија“/14:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.(Сала 6/10:30)

Скопје - Едукативна активност „ИМАМ СТАВ“ за ученици од средните училишта во организација на Парламентарниот институт. (Сала „Борис Трајковски“/9:00)

Скопје - Јавна расправа по повод Деновите за медумска писменост 2024. (Сала „Борис Трајковски“/13:00)

Скопје - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе се обрати на конференцијата на „Блумберг Адрија“ на тема „Економски потенцијал и развојни можности за Македонија“. (х.„Хилтон“/10:10, изјава за медиумите/9:30)

Скопје - Првиот заменик претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити  и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе учествуваат и ќе имаат обраќање на свеченото отворање на Саемот Енерго-Технома 2024. (Арена „Борис Трајковски“/13:00)

Скопје - Прес-конференција на директорот на Фондот за иновации и технолошки развој ФИТР, Никола Додов. (Фонд за иновации и технолошки развој, ГТЦ, II кат/10:30, пристигнување на медиумите/10:20)

Скопје - Годишна конференција на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ. (х.„Александар Палас“)

Скопје - Прес-конференција на пратеникот на СДСМ, Благој Бочварски. (Седиште на СДСМ/12:00)

Скопје - Прес-конференција на Демократската унија за интеграција. (Седиште на Демократската унија за интеграција, Чаир/12:00)

Скопје - Конференција „Регионална соработка и зајакнување на младите преку спортот“ организирана во заедничка соработка на Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (ГИЗ) и Канцеларијата за регионална младинска соработка (РИКО). (х.„Александар Палас“/10:15)

Скопје - Делегацијата на Европската Унија и Јуроп Хаус Скопје ќе одржат дискусија „Увезени дезинформации - Како про-Кремљ дезинформациите ги засенија Летните олимписки игри во Париз“. (Јуроп Хаус Скопје/14:00)

Прилеп - Трибина за превенција на болеста чума кај малите преживари во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство и Факултетот за ветеринарна медицина - Скопје. (Општина Прилеп/11:00, изјави за медиумите/10:50, инсерти/11:00)

 Скопје - Конференција за потребата од донесување Правилник за велосипедска инфраструктура во организација на Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“. (Младински центар Матично, спроти Градски парк/13:00)

Скопје - Презентација на меѓународниот проект: „Идентификување на причините за долгорочната невработеност на постарите жени во Северна Македонија и Србија“, кој се реализира во рамки на програмата Visegrad+ Grants, (2xV4 + 2xWB6/EaP). (Економски институт-Скопје, голема сала. ул. „Пролет“ бр.1/10:00)

Скопје - Генерално Собрание на меѓународната унија на професионални водичи во планина - UIMLA (Union of International Mountain Leader Associations), меѓународно раководно тело кое ги претставува професионалните планински водичи (International Mountain Leaders - IML) ширум светот.

Велес - Научен собир по повод 80 години од првиот број на весникот „Нова Македонија“ во организација на Институтот за национална историја и Матица на иселениците од Македонија. (Горно Врановци, Општина Чашка) 

Скопје - IХ студиски ден на Институтот за национална историја, на тема „Македонистиката во Хрватска денес по повод 15-годишнината од отворањето на Лекторатот во Ријека“. (Институт за национална историја/12:00)

Тетово - Промоција на романот „Ќе се видиме ли, пак!?“ од Зоран Радически. (Музеј на тетовскиот крај, поранешен Дом на АРМ/19:30)

Скопје - Прес-конференција по повод претстојниот концерт на Теа Таировиќ. (Арена „Борис Трајковски“/12:00)

Скопје - Концерт на Владимир Костов - виолина и Цветанка Созовска - чембало во рамки на „Златна лира“. (Музеј на македонската борба/20:00)

Скопје - Концерт во рамки на 15. Меѓународен фестивал на класична гитара „Тремоло". (Национална филхармонија/19:00)

_______________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан