• петок, 22 ноември 2024
МИА Најави МКД

3 април 2024 

Скопје - Пратениците и членови на Делегацијата во Мешовитиот парламентарен комитет - Република Северна Македонија и Европската Унија ќе остварат средба со европратеничката Тинеке Штрик. (Собрание на РСМ, сала на Уставна комисија/12:30)

Скопје - Работна средба на ИППГ за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција. (Собрание на РСМ, сала „Борис Трајковски“/15:00)

Брисел - Министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе учествува на НАТО Министерски состанок.

Скопје - Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска ќе одржи прес-конференција. (Министерство за култура/9:30) 

Скопје - Прес-конференција на Синдикатот на културата на Република Македонија, СОНК и ССМ. (Пред Министерство за култура/10:00)

Скопје - Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) Гостивар и ХОПС - Опција за здрав живот Скопје ќе одржат конференција на тема „Рамноправноста низ призма на статистиката“. (х.„Солун“/10:30)

Скопје - Свечено отворање на манифестацијата „Денови на македонската литература“ во организација на Катедрата за македонска книжевност и култура на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ. (Библиотека за македонска книжевност и култура на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“/12:00, изјави за медиумите на почеток на настанот)

Штип - Литературно читање по повод патрониот празник под мотото „Родниот јазик е бисерен ѓердан“. (ООУ „Димитар Влахов“/12:00)

Скопје - Разговор со Живко Грозданоски, автор на книгата на месецот „Писмо за Глорија“. (Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, спомен-собата „Т’га за југ“/19:00) 

Скопје - Одбележување 79 години МНТ со изведбите на претставите „Силјан Штркот шанца“ и „Сите сме птици“. (МНТ/12:00/20:00)

Скопје - Четврто интернационално издание на Skopje Fashion Festival. (Трговски центар Diamond Mall)

Скопје - Концерт на оркестарот на НУ Ансамбл за народни игри и песни Танец. (Филхармонија, мала сала/20:00)

 

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024:

Скопје - Презентација на платформата на претседателскиот кандидат од коалицијата „ Вреди“ Арбен Таравари. (х.„Холидеј ин“/15:00)

Скопје - Кандидатот за претседател на Македонија од Движењето ЗНАМ - За наша Македонија, Максим Димитриевски ќе одржи брифинг со медиумите. (Простоирии на Движењето ЗНАМ, бул. „Свети Климент Охридски“ бр.66/13:00)

Скопје - Коалицијата „Храбро за Македонија“ ќе одржи Конвенција за претседателски кандидат на која официјално ќе биде промовиран Стевче Јакимовски за претседателски кандидат на коалицијата на претстојните претседателски избори. (х.„Александар Палас“/18:00)

Скопје - Претседателите на подмладоците на политичките партии ќе потпишат Декларација за фер, слободни и демократски избори и против говор на омраза во организација на Институт Охрид. (х.„Холидеј Ин“, сала Милениум 1/10:00)

Скопје - Директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски, амбасадорката на Швајцарија Вероник Хулман и директорката на ИФЕС во РСМ, Јоана Косма ќе се обратат на панел дискусијата посветена на политичкото рекламирање и интегритетот на изборите. (х.„Мериот“/10:00)

Скопје - Панел-дискусија „Верификацијата на изборите и информациите во борбата против дезинформациите и медиумските манипулации“ во организација на Центарот за развој на медиуми. (х.„Холидеј ин“, сала Скала 1/13:00, и преку платформата „ЗУМ“, https://us06web.zoom.us/j/83412722814?pwd=nGDWmLv2SubC0dbBzoQwV1C6avwfWz.1#success)

Скопје - Прес-конференција на Европскиот фронт. (Плоштад „Скендербег“/12:00) 

_________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

 

Остани поврзан