• сабота, 21 декември 2024
МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

1 октомври  2023

 

Скопје – Изјава на директорот на Пазарен инспекторат, Горан Трајковски. (во просториите на Пазарниот инспекторат, ул. „Луј Пастер“ бр. 1, кат 3/ 12:00)

Скопје -  Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски ќе одржи прес-конференција. ( Пред Агенцијата за храна и ветеринарство/11:00)

Свети Николе – Здружението на бегалци од Егејска Македонија „Беломорци“ од Свети Николе организира панихида и свечена академија по повод 75-годишнината од крајот на граѓанската војна во Грција, како дел од одбележувањето на Шестата средба на Децата бегалци. (Панихидата ќе се одржи во Нова Мездра/8:30, а свечената академија во салата на Општина Свети Николе во 10:00)

Струмица - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ  Христијан Мицкоски  ќе се обрати на Втората годишна конференција на Унија на ветерани ВМРО-ДПМНЕ насловена „Традиција која обврзува за иднина која доаѓа“. (Струмица/14:00)

Битола – Промоција на Прирачник за пристапен туризам. (ресторан „Корзо“/ 11:00)

Кочани – Концерт во склоп на караванот „Македонијо во срце те носиме“. (во Паркот на револуцијата/ 20:00)

Скопје - 19. Виз Ер Скопски маратон. (Порта Македонија/8:00)

Тетово – 20. Карате турнир „Тетово опен“. (во спортската сала на стручното училиште „Никола Штејн“/ 10:00, свеченото отворање ќе биде во 13:00)

Битола – Дефиле по Широк Сокак на членови на Здружението на лица со телесен инвалидитет од Битола, Демир Хисар и Ресен. (Плоштад „Манголија“/ 10:00)

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан