МИА Најави МКД
- 17 декември 2025
17 декември 2025
Скопје - Седница на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање. (Сала 5/10:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (Сала 4/10:20)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање. (Сала 4/12:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала 10/12:30)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика. (Сала „Борис Трајковски“/12:30)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала „Борис Трајковски“/13:00)
Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 6/13:00)
Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 76.та седница. (сала „Македонија“/14:00)
Скопје - Претседателката Гордана Сиљановска - Давкова, ќе го врачи признанието „Македонски квалитет“ за 2025 година, што го доделува Сојузот на стопански комори на Македонија, под нејзино покровителство. (Вила Водно/13:00, пристигнување на медиумите/12:30)
Скопје - Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски ќе се обрати на настан организиран од Агенцијата за планирање на просторот по повод одбележување 20 години од нејзиното постоење. (х.„Мериот“ втори кат/11:30)
Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска, ќе се обрати на претставување на прелиминарни резултати од научниот проект „Иновативни научни решенија за намалување на социјалната нееднаквост и сивата економија во Македонија преку даночната регулатива“. (Свечен амфитеатар 1 на Правниот факултет/12:00)
Скопје - Мисијата на ОБСЕ во Скопје организира настан „Од податоци до дијалог и акција“, посветен на презентацијата на наодите од истражувањето на онлајн и офлајн инциденти на насилство врз млади жени и девојки во јавниот живот (х. Александар Палас/09:30 - 13:00, воведно излагање на амбасадорот Килиан Вал (10:00)
Скопје - Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје ќе одржи прес-брифинг и национална конференција „Граѓаните на прво место“ во рамките на проектот WeBER 3.0 за следење на реформата на јавната администрација на која најавува дека воведни обраќања ќе имаат Бен Нупнау, заменик шеф на мисијата во Делегацијата на ЕУ во државава, Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација и Симонида Кацарска, директорка на ЕПИ. (Клуб на пратеници, брифинг/10:00, конференција/11:00)
Штип - Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип ќе одржи настан „Соработка помеѓу УГД и бизнис секторот со поддршка на државата“. (Кампус 2/13:00, заменик-министерот за економија, ректорот на УГД и претставник на Стопанската комора ќе дадат изјави за медиуми/13:00)
Скопје - Одбележување на патрониот празник на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. (Амфитеатар 3 на Факултетот/13:30)
Скопје - Работилница на тема „Статистиката во медиумите: новитети од Државниот завод за статистика“ во организација на Државниот завод за статистика (ДЗС). (Едукативен центар на Државниот завод за статистика, ул.„Даме Груев“ бр. 4/11:00)
Скопје - Креативна работилница - Лидерство Предводи ги луѓето, не процесите. (Хајделберг Факултет/12:00)
Струмица - UPSHIFT Саем на социјални иновации во организација на Здружението Лидери за едукација, активизам и развој (LEAD), во соработка со канцеларијата на УНИЦЕФ. (х.„Сириус“)
Скопје - Доделување на наградите од онлајн играта за човекови права „НАВИГАТОР 2.0“, со кој официјално ќе се заокружи овогодинешното издание на играта и одбележувањето на Денот на човековите права и 16-те дена активизам против родово базирано насилство. (Europe House Skopje/13:00, изјави за медиумите по официјалниот дел од настанот)
Скопје - Обука во рамки на проектот „Европска престолнина на културата Скопје 2028“, во организација на Град Скопје. (Сала на совет на Град Скопје/14:00)
Скопје - Промоција на „Оган и ништо“ нов избор и препев од поезијата на Бранко Миљковиќ. (Простории на Српскиот културно-информативен центар „СПОНА“/19:00)
Скопје - Промоција на стручната монографија со изложба на студентски проект „Спортот и градот“. (Галерија „КО-РА“- голем салон/19:00)
Скопје - Отворање на изложбата „Урбани пејзажи" на Рафаел Ристовски. (Францускиот институт/18:00)
Скопје - Премиера на претставата „Болва в уво“. (Драмски театар/20:00)
Скопје - Концерт на врвните уметници Драган Ѓорѓевиќ Сузуки и Дино Имери. (Музеј на македонската борба/20:00)
________________________________________________________________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***