• недела, 22 декември 2024
МИА Најави - МКД

17 јули 2023

Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала 6/10:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (Сала 4/11:00)

Скопје - Прес-конференција на вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ со министерката за Европа на Сојузна Република Германија Ана Лирман, државната секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција Лоренс Бун и Шимон Шинковски вел Сенк, министер за Европска унија на Република Полска. (Клуб на пратеници, кино сала/16:15)

Скопје - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска ќе ја почнат кампањата „Здрав оброк за секое дете“, доделувајќи ги првите килограми здрава ужинка за дечињата од детската градинка „Кочо Рацин“, објект „Панорама“. (ул.„Тасино Чешмиче“ бр. 9/9:00)

Скопје - Канцеларијата на Фондот за население на Обединети нации – УНФПА во Скопје, во соработка со Министерството за труд и социјална политика и со поддршка на британската Амбасада во Скопје го организираат настанот „Има помош за живот без насилство“. (хотел „Александар Палас“/10:00)

Скопје - Премиера на краткометражниот игран филм „Имиња“ во режија на Јане Спасиќ во рамки на 22. издание на  Фестивалот на европски филм „Синедејс“. (МКЦ парк/20:30)

____________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини*** 

Остани поврзан