• петок, 27 декември 2024
МИА Најави МКД

5 мај 2023 

Скопје - Министерката за одбрана, Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски ќе остварат средба со началникот на ГШ на Вооружените сили на Република Италија, адмирал Џузепе Каво Драгоне. (Церемонија со почести за пречек на платото пред МО и ГШ, сниматели и фоторепортери/10:15, пристигнување на медиумите во ГШ/10:00, не се предвидени изјави за медиумите)

Скопје - Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, министерот за образование и наука Јетон Шаќири и амбасадорот на Европската Унија во нашата држава, Дејвид Гир ќе присуствуваат на панел-дискусијата во насока на афирмацијата на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо по повод 5 Мај, Денот на македонскиот јазик. (Национална опера и балет/12:00)

Скопје - Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции Александар Николоски ќе оствари средба со унгарскиот амбасадор, Андраш Клајн. (Собрание, канцеларија 161/11:30)

Скопје - Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски ќе одржи брифинг со медиумите на кој ќе ги сподели резултатите од годишната анализа на ефектите од државната поддршка на инвестиции и резултатите од работењето на компаниите во ТИРЗ, како и проекции за 2023 година. (Трибека, Булевар Илинден 104/12:30)

Скопје - Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ја одржи 86-та седница. (https://us06web.zoom.us/j/89727599334?pwd=VUJvTEhVVnNpanZpL2x0cmRUQ0xEdz09 / 10:00)

Скопје - Ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски ќе се обрати по повод Чествувањето на Денот на македонскиот јазик – 5 мај. (Ректорат на УКИМ/10:30)

Скопје - По повод 5 Мај - Денот на македонскиот јазик Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“-УКИМ ќе одржи трибина на тема „Состојбите во современиот македонски јазик, јазикот во и на медиумите“. (Филолошки факултет „Блаже Конески“, голем амфитеатар/13:30)

Скопје - Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ по повод Денот на македонскиот јазик, а во рамките на манифестацијата „Денови на Благоја Корубин“, организира ден на македонскиот јазик, по што ќе следува прогласување на наградените ученици и студенти од распишаниот Конкурс за најдобар есеј во три категории (основно, средно и високо образование). (Амфитеатарот на Институтот/10:00)

Скопје - Свечен настан во чест на 5 мај, Денот на македонскиот јазик „Преку јазикот на Конески и Миладиновци до светот на македонската народна поезија“ во организација на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. (НУБ „Св.Климент Охридски“/11:00)

Скопје - Музика, светлосни проекции и филм на кирилица по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик во организација на Министерството за култура.

-Концерт на Музичката младина на Македонија, која годинава одбележува јубилеј – 60 години од формирањето.(Музеј на македонската борба/18:00)

-Концерт на рок-бендот „Црно собрание“, кој е составен од ученици од скопското средно училиште „Никола Карев“. (Градски парк „Школка“/19:00)

-Прикажување на долгометражен документарен филм „Јанѕа“, во режија на Никола Калајџиски. (Кинотека/20:00)

Скопје - Прес конференција на Одборот за транспарентност формиран од Црвениот крст на РСМ на која ќе информира за состојбата на донираните средства за погодените од земјотресот во Турција и Сирија. (Простории на Црвениот крст на РСМ/11:00)

Скопје - Секцијата на акушерки на РСМ во соработка со ЈЗУ У ГАК под мотото „Повторно заедно“ ќе го одбележи 5 ти мај  Денот посветен на акушерките од целиот свет. (Амфитетар на деканатот при Медицинскиот факултет/10:00)

Скопје - Завршување на муралот насловен „Оставете не во мир!“ во рамки на француско-германскиот проект со учество на уметници од Франција, Германија, Република Северна Македонија и Украина. (Градски парк, веднаш до ноќниот клуб „Pure", наспроти главниот влез на поранешниот Луна парк/10:00-17:00,  изјави за медиумите ќе дадат директорите на Францускиот институт во Скопје и Гете инситутот во Скопје/15:00)

Скопје - Креативна акција „Стисни за поддршка“ во рамки на проектот: „Пристап до правда за најмаргинализираните“, кој го спроведуваат Фондација Отворено општество – Македонија, ХОПС - Опции за здрав живот Скопје и Здружение за правна едукација и транспарентност – Станица П.Е.Т., финансиран од Европската Унија. (пред Министерство за труд и социјална политика (МТСП)/12:00)

Скопје - Гостување на Џек Димиќ со монодрамата „Ој, животе“ на сцената на Драмски театар. (20:00) Прес-конференција (НУ Драмски театар/17:00)

Скопје - Премиера на Ревизор од Гогољ, во режија и адаптација на Андреј Цветановски. (НУ Театар Комедија)

Скопје - Проекција на едукативно-документарниот филм „Бела книга – женско писмо“ на авторката Снежана Младеновска Анѓелков. (Градска библиотека „Браќа Миладиновци“/12:00)

Скопје - Проекција на документарниот филм „Во потрага по главната улица Америка“ на Наум Пановски и разговор помеѓу авторот и филмскиот критичар Благоја Куновски - Доре. (Центар Јадро/18:00)

Скопје - Оркестарот на Македонска филхармонија ќе го изведе концертот насловен „Вилает“ на кој како солист ќе настапи хорнистот Боштјан Липовшек од Словенија, а диригент е маестро Јерухам Шаровски од Израел. (20:00)

___________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан