18 ноември 2025
Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 70. седница (11:00) и продолжение на 19. седница. (11:20)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Сала „Борис Трајковски“/09:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. ( Сала „Борис Трајковски“/14:00)
Скопје - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски ќе одржи средба со сојузниот министер за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Јохан Вадефул.
- пристигнување, пречек пред Министерство за надворешни работи и надворешна трговија и билатерална средба на двете делегации. (19:50, по завршување на настанот не се предвидени прес-конференција или изјави за медиумите)
Скопје - Прес-конференција на пратеникот и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ. (Собрание / 10:15)
Скопје - Почетокот на националната кампања „1 од 5 – Стоп за сексуалното насилство врз деца“. (Europe House/10:00, изјави за медиумите/9:45)
Струга - Канцеларијата за Креативна Европа при Министерството за култура и туризам организира информативни сесии. („Europe House“/12:00)
Скопје - Дводневна регионална конференција „Младите од Западен Балкан и Европската Унија: Ја обликуваме нашата заедничка иднина“. (х.„Солун“/10:00)
Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе се обрати на конференцијата „Градење иднина: Практични вештини за новата генерација“, во организација на Стопанската комора на Северна Македонија, со поддршка на швајцарскиот проект „Образование за вработување во Северна Македонија“. (х. „Александар Палас“ – Скопје/10:00, изјави за медиуми, пред почетокот на конференцијата, во 9:50 часот)
Скопје - Советодавни денови помеѓу Фондот на ПИОМ и Германскиот носител за пензиско осигурување. (Простории на Фондот, ул. „23 Октомври“ бр 11/9:00 до 12:00 и 14:00 и 15:00 до 16:00)
Скопје - Отворање на Мултимедијалната читалница во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски" - Скопје и промоција на едицијата на фототипни изданија „НУБ за македонскиот јазик“. (НУБ „Св. Климент Охридски“, нов дел на Библиотеката/12:30)
Битола - Сојузот на Здруженија на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија-МАКЕДОН одбележува годишнина од формирањето на Првата Егејска Македонска ударна бригада. (Пожарна во Битола / 10:00)
Штип - Изложба на цртежи и слики насловена Везилка на академската сликарка Јана Јакимовска. (НУ Завод и музеј објект Безистен/13:00)
Скопје - Изложба на слики „Оган“ од Бојана Артиновска. (КИЦ, изложбен салон Империјал 2/20:00)
Скопје - Петнаесетто Биенале на млади уметници. (МСУ/19:00)
Софија - Отворање на 10 издание на проектот „Европска поезија во вагоните и станиците на Софиското метро“. (Полски институт во Софија, ул. „Веслец“ бр. 12/18:30)
Скопје - Изведба на балетската претстава „Госпоѓа Бовари“. (Национална опера и балет/20:00)
Скопје - Перформанс Платформа фестивал (ППф) 2025 со CODOMESTICATION на Крот Јурак и Алекс Бејли. (Театар за деца и младинци/19:00)
Битола - На „Битола Шекспир фестивал“ ќе биде изведена претставата „Еволуцијата на распадот“, спред Отело во режија на Дамјан Димовски (Народен театар, голема сцена / 20:00)
_______________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***