• среда, 04 септември 2024
МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

4 август 2024 

Скопје - Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (Сала 4/11:00)

Скопје -  Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува во ТИРЗ Скопје на одбележување на почеток на инвестиција на германската компанија BMZ Group. (09:30/ изјава за медиумите по настанот)

Скопје - Состанок на Совет за странски инвестиции. ( Влада на РСМ/ Кристална сала/ 11:00) 

Белград – Делегација предводена од заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, а во чиј состав се и заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт и врски Александар Николоски и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, ќе престојува во работна посета.

Брисел - Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани ќе престојува во работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со: Оливер Вархеји, комесар за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Стефано Санино, генерален секретар на Европската служба за надворешни работи, Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Унијата (ГД НЕАР), Валентина Суперти, директорка за Западен Балкан во ГД НЕАР, европратеникот Илхан Кјучук и со други претставници на европските институции и Унгарското претседавање со Советот на ЕУ.

Скопје - Прес - конференција на министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити и на в.д. градоначалникот на општина Гостивар, Валбон Лимани. (простории на Министерството за животна средина и просторно планирање, 7 спрат/ 14:00)

Новаци - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски ќе оствари средба со земјоделци. (во просториите на Општина Новаци/ 11:00 часот /изјава за медиумите пред почетокот на средбата со земјоделците) 

Скопје – Граѓанскиот ресурсен центар  организира дебата насловена „Зајакнување на соработката меѓу Владата и граѓанското општество. (во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар/ 10:00)

Скопје – Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС)  организира настан насловен: „Прогресот на Северна Македонија во Берлинскиот процес – Презентација на акциски планови за Заеднички регионален пазар и Зелена агенда“. (Собрание на РСМ, сала „Борис Трајковски“/10:30, изјави за медиумите  од 10:30 до 10:45)

Скопје – Сојузот на стопански комори на Македонија организира настан на потпишување Меморандум за соработка помеѓу ССКМ и Здружение Македонски Дестилерии – Кавадарци. (во просториите на Сојуз на стопански комори на Македонија, ул. „Црвена Скопска Општина“ бр. 10/ 12:00)

Скопје – Прво издание на „АЈДЕ ФЕСТИВАЛ“ во Скопје. (во паркот „Васко Карангелески“ во општина Аеродром/ 18:00)

Скопје – Промоција на романот „Деца“ на авторката Милена Марковиќ од Белград. (МКЦ, во бифето/ 20:00)

Скопје – Концерт по повод Меѓународниот ден на семејството. (пред плато „Тинекс“ во реонскиот парк во Ѓорче Петров/ 18:00)

Скопје – Меѓународен пинг понг натпревар World Table Tennis (WTT) Youth Star Contender Skopje 2024. (Спортски центар „Јане Сандански“/ 9:30 – 19:00)

Струга – Изложба на Владимир Младеноски. (НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, фоаје/ 19:30)

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан