МИА Најави - МКД
- Скопје - Министерот за европски прашања Орхан Муртезани и министерката за европски прашања на Кралството Данска Мари Бјере која е во работна посета на земјава, ќе одржат заедничка прес-конференција. (Министерство за европски прашања/11:00 – 11:20)
18 јуни 2025
Скопје - Министерката за европски прашања на Кралството Данска Мари Бјере во работна посета на Македонија.
-Заедничка прес-конференција со министерот за европски прашања Орхан Муртезани. (Министерство за европски прашања/11:00 – 11:20)
-Посета на Собранието на РСМ и средба со претставници на Комисијата за европски прашања. (Сала на Уставна комисија/11:30)
Скопје - Амбасадорката на Украина Лариса Дир ќе се сретне со претседателката на пратеничката група за соработка со Парламентот на Украина, Иванка Василевска. (Собрание на РСМ, Канцеларија бр.214/9:00)
Скопје - Прес-конференција на пратеничката Дијана Тоска. (Собрание на РСМ/Прес-центар/11:00)
Скопје - Седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство. (Собрание на РСМ, Сала 6/12:00
Тетово - Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити ќе се обрати на регионалниот форум „Добро управување и меѓуинституционална соработка во заштитените подрачја во Северна Македонија, Албанија и Косово“, организиран од ЦНВП Северна Македонија (Поврзување на природните вредности и луѓето). (х. „Меркур“/10:00)
Скопје - МАНУ организира тркалезна маса на тема „Зелен раст – посебен осврт врз Северна Македонија (Животна средина, циркуларна економија, енергетска транзиција, трговија). (МАНУ, амфитеатар/09:00)
Скопје - Министерот за здравство Азир Алиу организира брифинг со новинари. (Министерство за здравство, горна сала/10:00)
Скопје - Прв ЕУ-МК Саем за одржлив локален развој и вмрежување организиран од Програмата „ЕУ за општините“.
Скопје - Универзитетот „Мајка Тереза“ организира АПСОЛВЕНТИЈАДА 2025 година. (Универзитетски кампус на УМТ/18:00)
Скопје - Бошњачкиот демократски сојуз ќе одржи прес-конференција пред Собрание денес во 12:00 часот по повод предлогот за дополнување на КЗ на Европскиот фронт. (12:00)
Скопје - ВВ „Тиквеш“ организира конференција за неуромаркетинг (М6 Едукативен центар/10:00) и промоција на новиот лик на виното „Alexandria Premium Cuvée“. (Тераса на М6 едукативен центар/16.30)
Истанбул - Отворање на изложбата „Откривање на визии II“ на Верим Зендели. (Галерија на македонскиот Културно-информативен центар/20:00)
Скопје - Отворање на изложбата „Игра со стаклени монистра" со работилница за изработка на етно накит. (Дом на култура „Кочо Рацин“, Галерија „КО-РА", голем салон и Зелен покрив/20:00)
_____________________________________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***