• понеделник, 29 април 2024
МИА Најави - МКД

13 април 2024 

Скопје - Отворање на изложба на која биде претставено интерактивното уметничко дело напојувано од обновлива енергија „Вртеж“ изработено од македонскиот уметник и скулптор Александар Ефтимовски. (Градски парк, до езерцето/10:00-18:00)

Скопје - Годишно Собрание на Друштво на ликовни уметници на Македонија. (Дом на АРМ)

Скопје - Институт за Истражување и Анализа на Политики – Ромалитико ќе одржи хепенинг насловен „Кои сме ние?“ по повод 8 Април - Меѓународниот ден на Ромите. (Градски парк, кај Школка/11:00, изјави за медиумите по официјалното отворање/12:00)

Скопје - МСУ водич и пролетно матине дружење со диџеј сет на Дарко Јорданов. (Музеј на современата уметност/12:00)

Скопје - Менса Македонија организира тестирање на интелигенција. (СУГС „Никола Карев“/12:00)

Битола - Музички настан „Градот ме тера да пеам“ во рамки на програмата на фестивалот АКТО 19 „Јавни простори во движење (кон) II“. (Кафе бар Јагода/12:00-16:00, кафе-бар Јагода/20:00)

Скопје - Концерт на Мики Јовановкси - Џафер по повод 50 години музичка кариера. (Јавна соба/21:00)

Скопје - Турнир во шутбал и промоција на нов вид спорт во Македонија во организација на Здружението Пулс виталис. (Спортски терени во комплексот на х.„Александар Палас“/10:00)  

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024

Скопје - Заедничка прес-конференција на претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски и Андреас Шидер, европратеник и носител на листа на социјалдемократите во Австрија за изборите во ЕУ. (Седиште на СДСМ/11:00)

Желино/Брвеница/Теарце/Јегуновце/Тетово - Кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендровски ќе оствари средби со граѓаните на Желино (15:30), Јегуновце (16:30), Теарце (17:30), Брвеница (18:40) и со граѓаните на Тетово (20:00)

Скопје - Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Зелениково (17:00), Бутел (18:30) и Карпош (20:30).

Кичево/Демир Хисар/Кривогаштани/Прилеп - Кандидатот за претседател на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија, Максим Димитриевски ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Кичево (11:00, пред штабот на Движење ЗНАМ за наша Македонија на ул.11-ти Септември наспроти градинката, изјава на претседателскиот кандидат Максим Димитриевски, live stream на fb страната на Maksim Dimitrievski/12:00), Демир Хисар (средби со граѓани/14:00, обраќање  на претседателскиот кандидат Максим Димитриевски на плоштадот во Демир Хисар/16:15), Кривогашатани (средба со граѓаните/18:00), Прилеп (live stream на fb страната на Maksim Dimitrievski19:00)

Струга/Охрид - Билјана Ванковска, кандидат за претседател од Левица, на средби со граѓани во Струга и Охрид. (Ново шеталиште, Градски пазар Струга/12:00, Градски плоштад во Охрид/15:00)

Крива Паланка - Претседателскиот кандидат од ГРОМ, коалиција „Храбро за Македонија“, Стевчо Јакимовски ќе има средби со граѓаните на Крива Паланка. (Градски плоштад/11:00)

Скопје/Куманово - Кандидатот за претседател од Коалицијата Вреди Арбен Таравари и носителот на Листата на кандидати за пратеници во Првата изборна единица Изет Меџити ќе остварат средби со граѓани (Парк на Сарај, Скопје/12:00) и собир во Куманово (Дом на културата/20:30)

Скопје -  Прес-конференција на Коалицијата Вреди. (Изборен штаб на коалицијата Вреди, плоштадот „Скендербег“/11:00)

 

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

 

 

 

Остани поврзан