МИА Најави МКД
- 27 февруари 2026
27 февруари 2026
Скопје - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе биде домаќин на претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај. (Пристигнување на медиумските екипи во Вила водно, Кабинет на претседателот/9:45)
- Официјална церемонија на пречек со највисоки државни и воени почести (10:30)
- Тет-а-тет средба (10:45)
- Пленарен состанок на делегациите (11:20)
- Заедничка прес-конференција на претседателката Сиљановска-Давкова и претседателот Бегај (12:00)
Скопје - Посета на претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај на Собранието.
- Средба на претседателот на Собранието, Африм Гаши, со Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија со делегациите. (Сала „Длаборез“/15:00)
- Потпишување на Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија во Книга на впечатоци.
- Обраќање на Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија, пред пратениците. (Сала „Македонија“/15:30)
Скопје - Претседателот на Собранието, Африм Гаши ќе оствари средба со Гордан Грлиќ Радман, министер за надворешни и европски работи на Хрватска. (Сала на Уставна комисија/10:15)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство. (Сала 6/11:30)
Скопје - Седница на Законодавно-правна комисија. (Сала 6/12:00)
Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува и ќе се обрати на потпишувањето на договор помеѓу меѓународната платформа „Спортски игри за млади“ (Youth Sports Games) и Федерацијата на училишни спортови на Македонија и „Плазма“ Спортските игри за млади. (Свечена сала на Влада/11:00)
Скопје - Министерот за здравство Азир Алиу, директорката на Институт за јавно здравје, Марија Андоновска и д-р Аким Али, претставник на Светска здравствена организација и шеф на канцеларијата на СЗО во земјава на прес-конференција ќе ги презентираат резултатите од глобалното истражување за употреба на тутун кај младите. (Министерство за здравство - горна сала/11:00)
Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе присуствува на отворањето на Саемот за образование и кариера 2026, во организација на Студентарија. (Скопје Сити Мол, 2 кат/11:00)
Скопје - Националната алијанса за ретки болести на Македонија – НАРБМ ќе го одбележи Денот на ретки болести. (Europe House/10:00)
Скопје - Предавање на амбасадорот на Казахстан, Сатибалди Буршаков, на тема „Казахстан: нова сцена на модернизација и реформи“ (Kazakhstan: A New Stage оf Modernization & Reforms) во рамки на 8th International Week 2026. (Филозофски факултет на УКИМ, амфитеатар 3 / 10:00)
Скопје - Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ ќе одржи прес-конференција во рамки на отворањето на БЛОКАДАфест. (Пред влезот на Титан Усје/15:15)
Скопје - Промоција на „70 години македонски филмски плакат 1952 – 2022“. (Кинотека на Македонија/19:00)
Скопје - Промоција на книгата „Поттикнување функционална писменост во наставата“. („Лабораториум“/18:00)
Скопје - Одбележување на 20-годишниот јубилеј од проектот на Форумот на словенски култури за превод на 100 словенски романи. (Мултимедијална читалница на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“/19:00)
Битола - Прес-конференција на НУ Народен театар за нова премиерна претстава. (Народен театар/10:00)
Скопје - Изведба на балетската претстава „Жизел“ од Адолф Адам. (Национална опера и балет/19:30)
Скопје - „Чекори што не згаснуваат“ концерт на Ансамбл „Танец“ во чест на Симеон Чулев. (Македонски народен театар/19:30)
________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***