• понеделник, 23 декември 2024
МИА Најави МКД

24 април 2023

Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (сала „Борис Трајковски“/11:00)

Битола - Премиерот Димитар Ковачевски, министерот за економија Крешник Бектеши и генералниот директор на ЕСМ Васко Стефанов ќе се обратат на настан по повод крајот на грејната сезона 2022/2023 и успешно справување со најголемата енергетската криза која светот ја памети по Втората светска војна. (Локација: РЕК Битола https://goo.gl/maps/6g2vNW9wKmQV6YUV611:30/медиумите да  пристигнат во 11:15)

Демир Капија - Вицепремиерот за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи ќе ја посети Општина Демир Капија и заедно со градоначалникот Лазар Петров ќе извршат увид на завршните градежни активности во Домот на културата. (Предвидена е изјава за медиумите од вицепремиерот Битиќи пред Домот на културата/14:15) 

Скопје - Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу ќе одржи брифинг со новинарите за работата на МИОА. (Клуб на пратеници/10:00)

Скопје - Специјална седница на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија, со која заседава претседателот Бранко Азески и на Македонската енергетска асоцијација (МЕА) раководена од проф. д-р Кочо Анѓушев. (Стопанска комора на Северна Македонија, сала 4 на петти кат/11:00)

Скопје - Националната федерација на фармери ќе одржи редовна седница на Годишното Собрание на НФФ. (Факултет за земјоделски науки и храна/11:00, изјави за медиуми во 10:30 часот од претседателката на Националната федерација на фармери Васка Мојсовска)

Скопје - Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија ќе биде домаќин на Работната група 4 – Правда, слобода и безбедност (Поглавје 24), која ќе ја одржи единаесеттата сесија на тема „Зајакнување на отпорноста и подобрување на капацитетите за одговор на хибридните закани“ во организација на Европското движење. (Клуб на пратеници/12:00 - 16:00)

Скопје - Јавна презентација на веб-платформата „Е-Здравство“. (х. „Холидеј ин“/13:00)

Скопје - Националната и универзитетска библиотеката „Св. Климент Охридски“ - Скопје традициoнално ќе го одбележи Светскиот ден на книгата и авторското право - 23 Април. (12:00)

Скопје - Промоцијата на документарниот филм „Патот на Кобра до ѕвездите“ кој го раскажува патот до успехот на македонскиот фудбалер Дарко Панчев. (х. „Александар Палас“/20:00)

Скопје - Завршна конференција на европскиот проект „Big Time Takover“ (МКЦ) и отварање изложба во „Галерија 2“, над кино „Фросина“. (18:30)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан