
6 јуни 2025
Скопје - Прес-конференција на претседавачот на Централниот одбор на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија Игор Филков. (Седиште на Движењето ЗНАМ, ул. „Климент Охридски“ бр.66/11:00)
Прилеп - Со претставата „12“ на Македонскиот народен театар од Скопје, во режија на Синиша Евтимов ќе биде отворен 59. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. (Центар за култура „Марко Цепенков“/20:00)
Скопје - Концерт на гудачкиот квартет „Атака“. (Музеј на македонската борба/20:00)
Битола - Хрватскиoт културен центар „Марко Марулиќ“ - Битола организира концерт по повод Ден на државноста на Република Хрватска на кој ќе настапат женска клапа „Виоле“ и женски хор „Градац“. (Офицерски дом/19:00)
Созопол - Концерт „Долго патување“ на гудачкиот квартет предводен од Пламенка Трајковска, како дел од програмата на Интернационалниот фестивал на франкофонијата „Soleil“.
Созопол - Изложба „Графички коментари и сликарски реминисценции“ на македонските ликовни уметници Иво Пецов и Марјан Ѕингаров. (Уметничка галерија во Созопол/18:00)
Скопје - Самостојна изложба „Магепсани соништа“ на Виктор Бранѓолица. (Дом на култура „Кочо Рацин“, Галерија КО-РА, голем салон/19:00)
Охрид - Претставување на издавачката куќа „Илика“ од Скопје. (кафе-бар „Шила“/18:00)
____________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***