• четврток, 12 септември 2024
МИА Најави МКД (ДПЛ)

12 септември 2024

Скопје - Седница на Собранието на Северна Македонија. (Сала „Македонија“ /12:00)

Скопје – Средба на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши со нерезидентни амбасадори во нашата земја со седиште во Софија од Мароко, Египет, Кувајт, Монголија, Грузија, Молдавија, Индија и Пакистан. (Сала на Уставна комисија/ 13:15)

Скопје - Седница на Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање. (Сала 6 /10:45)

Скопје - Седница на Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала „Борис Трајковски“ /11:00)

Скопје - Седница на Комисија за социјална политика, демографија и млади. (Сала 5 /11:00)

Скопје - Седница Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Сала 4 /12:00)

Скопје -  Свечена изјава на Џенета Бектовиќ, член на Судскиот совет на Република Северна Македонија. (Собрание на Република Северна Македонија, Охридска сала/ 10:50)

Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на Спортско рекреативен центар „Бранители“ во населеното место Љуботенски Пат во Општина Бутел. (09:45)

Скопје - Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши ќе ги посети книжарниците „Алби“ и „Просветно дело“. (Изјава за медиуми пред „Просветно дело“, Градски зид од страната на гимназија Јосип Броз Тито /12:30)

Скопје – Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков ќе оствари работна посета на Националниот конзерваторски центар каде што ќе направи увид во работата на актуелните проекти и состојбите во оваа национална установа. (НУ Национален конзерваторски центар/ 10:30, изјава за медиумите е предвидена пред Центарот/ 11:15)

Скопје - Прес-конференција на претседателот на СДСМ Венко Филипче. (Прес-центар на Собранието на Република Северна Македонија /11:00) 

Скопје - Седница на Уставен суд (9:30)

Скопје –  VII студиски ден на Институтот за национална историја, на тема: Централното македонцко наречје за мене от сега на тамо имат да бидит литературен македонцки јазик (по повод 150 години од раѓањето на Крсте Петков Мисирков), кој ќе биде презентиран од проф. д-р Лилјана Гушевска. (Во Големата сала во Институтот за национална историја /12:00)

Скопје – Драмски театар Скопје ќе одржи комеморација во чест на починатата актерка Снежана Стамеска. (Во фоајето на Драмски театар /12:00)

Скопје – „Австриски класици во дуо“ концерт од програмата на Меѓународниот фестивал на класична камерна музика SKUPI КамерФест VII издание. (Филхармонија, Камерна сала/ 19:00)

Скопје – Изложба „Никаде Некаде“ на Вања Димитрова. (Музеј на град Скопје/ 20:00)

Гевгелија - Промоција на најновата книга на Киро Донев – романот за деца „Дневникот од штрковото гнездо“. (Основно училиште „Владо Кантарџиев“ /11:00)

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан