• петок, 24 мај 2024

МИА Најави МКД (ДПЛ)

МИА Најави МКД (ДПЛ)

19 април 2024 

Кавадарци - Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев со дел од раководството на МВР ќе оствари работна посета на Регионалниот Центар за гранични работи Југ во Кавадарци, по повод одбележување на една година од почетокот на мисијата на ФРОНТЕКС во Република Северна Македонија. (Изјава за медиумите со можност за инсерти пред објектот на РЦ за ГР Југ/10:00)

Скопје - Дополнителниот заменик-министер за финансии Елена Петрова ќе одржи прес-конференција на тема „Незаконити се одлуките на МФ за согласности  за вработувања - Потврдено со пресуди“. (Министерство за финансии, 10 кат/11:00)

Скопје - Министерството за култура и Националната комисија за УНЕСКО на Северна Македонија ќе информираат за вториот циклус на повикот на УНЕСКО, Британскиот совет и на Италијанската агенција за развојна соработка финансиран од Европската Унија за аплицирање во рамките на заедничкиот проект „Култура и креативност за Западен Балкан“. (КСП ЦЕНТАР – ЈАДРО/10:00, онлајн со регистрирање преку платформата „Зум“/https://us06web.zoom.us/meeting/register/tZwoc-2trTMrG9XSvaMvzKnQLNF197l6hIsF)

Скопје - Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ја одржи четвртата седница. (ДКСК, ул „Пресвета Богородица“ бр.3/15:30)

Тетово - Прес-конференција на директорот на  Ј.У.Н.П. „Шар Планина“ Ибрахим Дехари. (Простории на Ј.У.Н.П. „Шар Планина“/10:00)

Тетово - Директорот на ЈКП, Самет Бислими, ќе одржи прес-конференција. (Простории на Општина Тетово/11:00

Скопје - Прес-конференција на компанијата Еуромакс Ресоурцес за проектот рудник за бакар „Иловица - Штука“. (х.„Хилтон“/12:30)

Скопје - Меѓународен имплантолошки конгрес во организација на Schuetz Dental GmbH од Германија, Велидент Трејд и IMPLA Study Club од Македонија. (х.„Хилтон“)

Скопје - Претседателот на АГРО Игор Китановски и претседателот на Синдикалната организација на Водостопанство на РМ Коста Малзарков ќе одржат прес-конференција. (Пред Дирекција АД Водостопанство на РМ Скопје, кај Тутунски Комбинат, зад ЦФ - Мото/10:30)

Скопје - Прес-конференција на Бојан Јовановски-Боки 13. (Пред Основниот кривичен суд-Скопје/10:30

Скопје - Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“, Здружението за театарска афирмација Пресврт и Гете институт ќе одржат прес-конференција за претставата „Мац мац!“ во режија и кореографија на Филип Петковски и копродукција на Гете институтот, Театар Џинот и Пресврт.  (КЦ Лабораториум/12:00)

Велес - Велешки театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ премиерно ќе ја изведе претставата „Паника“ на финскиот автор Мика Мулуахо, во режија на Александар Ивановски. (21:00)

Скопје - Промоција на „Скарбо“ од Јадранка Владова. (Филолошки факултет „Блаже Конески“, сала за сосатноци/13:00)

Скопје - Праизведба на претставата „Хенгинг Араунд“ во Македонскиот народен театар. (20:00

Куманово - Отворање на изложбата „Интимност и интерконекција“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ). (Уметничка галерија/19:30)

Струга  - Завршна акција на клубот Артивизам од Струга кој функционира во склоп со локалниот центар на Младинскиот образовен форум, во која децата ќе пренесат порака против врсничкото насилство преку уметничка инсталација. (Парк на поезијата/15:30)

Скопје - Портокалова велосипедска тура во организација на Амбасадата на Кралството Холандија и Гоу Грин Скопје по повод одбележувањето на националниот ден на Холандија – Денот на Кралот. (Пред Ист Гејт Мол/16:00)

Скопје - Велигденски концерт на НУ „Танец“. (Национална опера и балет/20:00)

Скопје - Промоција на две дела од проф. Драган Даутовски -  „Кавалот во Македонија“ и „Топчестата глинена флејта од Македонија - праисториски музички инструмент“ (Галерија Матица / 12:00)

 

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024

Скопје - Kандидатот за претседател Стево Пендаровски на средби со граѓани во општините Чучер Сандево (пред Партизанскиот дом во Чучер-Сандево/17:30), Шуто Оризари (плоштад пред пазарот во Шуто Оризари/18:40) и митинг во Бутел (пред зградата на општина Бутел/20:00, митингот ќе се пренесува во живо на фејсбук-страната: https://www.facebook.com/SPendarovski)

Ранковце/Кратово/Крива Паланка - Кандидатката за претседател на државата поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Ранковце (17:00), Кратово (18:30), Крива Паланка (20:30)  

Скопје - Претседателски кандидат на Левица Билјана Ванковска ќе го посети Саемот на книга и ќе присуствува и на промоција на книгата „Книга за меморија - ученици и студенти Евреи од Град Скопје (1920 - 1943)“ во издание на Архив на Македонија. (Сала „Борис Трајковски“)

Скопје/Велес - Кандидатот за претседател на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија Максим Димитриевски ќе има средби со граѓани во Скопје (паркот „Ѓорче Петров“/ 11:05 и на пазарот во Ѓорче Петров/11:25 по што ќе даде изјава/12:00), како и во Велес (пристигнување/17:30, средби со граѓани во 18:10, средби со граѓани во Велешкиот театар/19:00, обраќање на Максим Димитриевски во 19:20 и Live stream на fb страната на Максим Димитриевски)

Скопје - Кандидатот за претседател на Северна Македонија од Европскиот фронт, Бујар Османи, ќе одржи средба со претставници на Стопанската комора на Северна Македонија каде ќе ја презентира економската димензија на неговата програма. (Стопанската комора на Северна Македонија 10:30 / изјава за медиумите пред почетокот на настанот 10:20)

 

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024 

Струга/Охрид - Претседателот на СДСМ и лидер на Коалицијата за европска иднина, Димитар Ковачевски, заедно со носителите, коносителите и останатите кандидати за пратениците ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Струга (18:00) и во Охрид (19:30, пренос во живо од митингот во Охрид ќе има на официјалните страници на Фејсбук, на профилот на претседателот Димитар Ковачевски и на СДСМ)

Тетово - Регионалниот изборен штаб на СДСМ за Шестата изборна единица ќе одржи брифинг со новинари (х.„Лирак“, мала конференциска сала/10:00), по завршување на брифингот ќе се одржи прес-конференција на која ќе се обрати носителката на листата за пратеници во Изборната единица 6, Славјанка Петровска. (спроти хотелот во паркот пред жена Борец) 

Скопје - Изјави на носителите на кандидатски листи за пратеници од коаолицијата „Македонија повторно горда“:

-Владо Мисајловски, носител на ИЕ 2 (12:00 часот пред БК Мебел во општина Ѓорче Петров)
-Драган Ковачки, носител на ИЕ 3 (10:15 часот на плоштадот во центарот на општина Кратово)
-Александар Николоски, носител на ИЕ 4 (16:00 часот пред Стоковна куќа во општина Радовиш)
-Дафина Стојаноска, носител на ИЕ 6 (12:00 часот пред кафулето Babu Blue во општина Гостивар)

Тетово - Прес-конференција на коалицијата „Вреди“. (Седиште на коалицијата во Тетово, поранешна слаткарница Риниа / 12?00

Куманово - Носителот на листа на кандидати за пратеници од Изборна единица 2, предводена од СДСМ и „Коалицијата за европска иднина“, Оливер Спасовски, ќе одржи прес-конференција. (пред Комитет, ул.„Илинденска“ бб/10:30, https://maps.app.goo.gl/BxLvpWLB2dadCvMf8?g_st=ic

Скопје - Ко-носителот на листа на кандидати за пратеници од Изборна единица 2, предводена од СДСМ и „Коалицијата за европска иднина“, Фатмир Битиќи, ќе одржи прес-конференција во Чаир. (Пред домот за пензионери/10:30, https://maps.app.goo.gl/BgDNz6PfLuczXTdH8)

 Скопје/Врапчиште - Европскиот фронт на прес-конференција ќе ја презантира Изборната програма ЕУ2030. (х.„Холидеј Ин“/11:00, средби со граѓаните на општина Сарај (плоштад „Знаме“, до ОУ „Дрита“/16:00) и Врапчиште (Основно училиште „Врапчиште/20:00)

Скопје - Прес-конференција на Работничката партија и Независната листа на кандидати за пратеници во ИЕ 1 „За младите“. (Парк Жена борец, наспроти Собранието/12:00)

_____________________________________________________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***
 
 

Остани поврзан