• четврток, 21 ноември 2024
МИА Најави МКД (ДПЛ)

21 ноември 2024

Скопје – Средба на претседателот Африм Гаши и генералната секретарка Марина Димовска со експерти од германскиот Бундестаг и со претставници на НДИ, како и со амбасадорките на Германија и на Швајцарија, Петра Дрекслер и Вероник Улман, со цел примопредавања на безбедносни рентген скенери од Бундестагот за Собранието на Република Северна Македонија. (сала на Уставна комисија/ 10:00)

Скопје – Седница на Собранието на Република Северна Македонија. (сала „Македонија“/ 11:00)

Скопје – Средба на Љупчо Пренџов, претседател на Пратеничката група на Собранието на РСМ за соработка со Парламентот на Австралија и со Парламентот на Нов Зеланд со Даниел Емери, амбасадор на Австралија за Северна Македонија. (Струшка сала/ 12:00)

Скопје – Министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030, Шабан Салиу ќе се обрати на Донаторската конференција под наслов „Ромите и пријателите“. (Свечена сала во Влада/ 14:00). Пред почетокот на настанот, министерот Салиу ќе има изјава за медиумите. (Медија центар/13:35)

Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска и францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер ќе потпишат Анекс на Меморандумот за соработка помеѓу Министерството за образование и наука и Амбасадата на Република Франција, со кој дополнително се поттикнува изучувањето на францускиот јазик во нашиот образовен систем. (Клуб на пратеници/11:00)

Скопје – Завршен настан „Поддршка на Агенцијата за цивилно воздухопловство во областа на безбедноста и обезбедувањето во воздухопловството“. (х. „Мериот“, изјави за медиумите се предвидени во 11:00)

Куманово – Презентација на реализираните активности за заштита и превенција од пожари на подрачје на општините Куманово, Липково, Старо Нагоричане и Ранковце и придобивките од нив овозможени во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ фаза 2, кои ги реализираше Министерството за локална самоуправа со поддршка на Владата на Швајцарија. (ТППЕ Куманово/ 12:00, по што ќе следат изјави за медиумите)

Скопје – Амбасадата на САД во Скопје, во соработка со Бирото за меѓународни наркотици и спроведување на законот (INL), организираат Конференција за борба против корупцијата во Западен Балкан, на која воведни обраќања ќе имаат амбасадорката Анџела Агелери вицепремиерот за политики и добро владеење, Арбен Фетаи. (х. „Хилтон“/ 9:30)

Скопје - Пес конференција на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје. (седиште на СДСМ/10:30)

Скопје – Фондот за иновации и технолошки развој организира панел дискусија „Иновации во претприемништвото“ по повод Глобалната недела на претприемништво. (во просториите на Фондот за иновации и технолошки развој, ГТЦ, кат 2/ 10:00 – 12:00)

Скопје – Mentor Awards 2023 - Избор на најдобар ментор во рамките на Европската недела на претприемништво во организација на Агенцијата за поддршка на претприемништвото. (Рагуза 360, Руфтоп)

Штип – „Хакатон на социјално претприемништво 2024“, во организација на Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип. (во Млади Хаб – Штип/ 10:30)

Скопје – Истражувачкиот центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“ при МАНУ и Институтот за социолошки, политички и правни истражувања при УКИМ организираат работилница на тема „Посебноста на македонскиот јазик и политичкиот говор на омраза“. (во Амфитеатарот на МАНУ/ 11:00)

Скопје – Национална конференција на тема „Здравствени политики за сите: Зајакнување и поддршка на девојките, жените и ранливите групи“ во организација на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување. (х. „Холидеј Ин“, изјави за медиумите се предвидени во 10:20) 

Скопје – По повод 21. одбележување на Светскиот ден на филозофијата, Филозофското друштво на Македонија ќе му ја врачи наградата „Константин Философ“ за животно дело за 2024 година на проф. д-р Мирко Ѓошевски и ќе одржи симпозиум на тема: 300 години Кант. (Свечена сала на Филозофскиот факултет/ 10:00) 

Велес – Во рамки на концептот  „Полицијата - поблиску до граѓаните“, ќе се одржи иницијативата „До Вас, за Вас“. (во Младинскиот парк Велес/ 11:30)

Скопје – Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски организира брифинг – појадок со новинарите. (ресторан Маџо/ 9:30)

Скопје – Прес-конференција на Проектот за „Стоп на политичкиот прогон“. (Во Универзитетот Скопје, голема сала/ 14:30)

Скопје – Промоцијата на првиот Пет френдли 𝙋𝙚𝙩 𝙛𝙧𝙞𝙚𝙣𝙙𝙡𝙮 училиштен клуб, со што СУГС „Никола Карв“ станува прво пет френдли училиште во земјава. (СУГС „Никола Карев“/ 12:00)

Битола – Свечено отворање на Музеј на христијанското и исламското културно наследство Јени џамија во Битола. (Јени џамија/ 19:00)

Скопје – Безвременските „Голдберг варијации“ од Бах во изведба на маестралниот руски пијанист Евгениј Корољов. (Филхармонија на РСМ, голема концертна сала/ 20:00)

Скопје – Во рамките на фестивалот „Есенски музички свечености“,  Пламенка Трајковска – гудачки квартет, ќе одржи концерт со наслов „Балканско патување“. (Музеј на македонската борба/ 20:00)

Скопје – Прес-конференција по повод претстојниот настан „Последниот танц на сцена“ на Драган Б. Костиќ – 50 години од легендарната „Диско селектор“. (Аудиокултура/ 12:00)

Скопје – Фотоизложба „Што носеше кога сама си го бараше?“ на Види Вака во соработка со фотографката Ерина П. Богоев. (Кинотека на Северна Македонија/ 19:00)

Скопје – Отворање на изложбата „Мал формат/Миниартура“ на Друштво на ликовни уметници на Македонија. (КИЦ Скопје/ 20:00)

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан