МИА Најави МКД (ДПЛ)
- 17 јуни 2024
![МИА Најави МКД (ДПЛ)](https://new.mia.mk/images/20240617074736_big_730x400_92.webp )
17 јуни 2024
Скопје - Работен состанок за воведувањето на еврокодовите за проектантските и градежните компании (10:00) по што следуваат изјави за медиуми на Кристинка Чулак, претседател на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, проф. д-р Горан Марковски, декан на Градежниот факултет при на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ и Андреа Серафимовски, претседател на Здружението за градежништво, индустрија на градежни материјали и неметалите. (Стопанска комора на Северна Македонија/11:30)
Велес - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе се обрати на свеченост „34 години ВМРО-ДПМНЕ, 131 година ВМРО, завет, слобода, иднина, продолжуваме“. (театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“/13:00)
Скопје - Центарот за управување со кризи (ЦУК) организира координативен состанок за опасноста од уривањето на ѕид во Клиничкиот центар на претставници на Министерство за здравство, Град Скопје и Општина Центар (простории на ЦУК/12:00, изјави за медиуми 13:00)
Скопје - Предавање на јапонскиот професор Јуџи Јамада „Трансформации нинџите и сликата за нив во светот и во Јапонија“ на Институтот за етнологија и антропологија при Природно математичкиот факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, во организација на Јапонската фондација, Институтот за антропологија и етнологија и Друштвото на македонско-јапонско пријателство и соработка и Амбасадата на Јапонија. (Институтот за етнологија и антропологија /10:00)
Скопје - Отворање на мултимедијалната изложба AeternaNova на Здружението за истражување, заштита и промоција на културното наследство ВУЛГУС Скопје. (Национална галерија Мала станица/20:00)
Скопје - Отворање на изложба „Хор од солисти“ на белградскиот фоторепортер Иван Иванов. (Младински културен центар/19:30)
Скопје - Со „Да живее Запата!“ во режија на Елија Казан од 1952 година Кинотека стартува со филмски проекции по повод 100 години од раѓањето на Марлон Брандо. (Кинотека/20:00)
__________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***