• четврток, 12 декември 2024
МИА Најави МКД (ДПЛ)

10 декември 2024 

Скопје - Брифинг за борбената готовност на Армијата пред претседателката и врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска Давкова. (Дом на Армијата/10:00, пристигнување за медиуми најдоцна до 9:45)

Скопје - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши ќе прими делегација од германскиот Бундестаг. (Стар кабинет/14:15)

-  Делегацијата од германскиот Бундестаг на средба со Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Сојузна Република Германија. (Сала на Уставна комисија/14:45)

Скопје -  Седница на Собранието на Република Северна Македонија. (Сала „Македонија“/11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала 4/10:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за култура и туризам. (Сала 6/ 11:00)

Скопје - Седница на собраниската Законодавно - правната комисија. (Сала 4/12:00)

Скопје - Конференција „Превенција и заштита од насилство врз жени и девојчиња, со фокус на сајбер-насилство. Пренесување на препораките од претходното на новото Собрание“. (Собрание на РСМ, сала „Борис Трајковски“/12:00)

Скопје - Посета на Комисијата за национална безбедност на Парламентот на Албанија. (Собрание на РСМ, сала на Уставна комисија) 

- Билатерална средба со Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање. (10:15) 

- Билатерална средба со Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите. (11:15)

Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски ќе потпише договор за инвестиција со „ДМ Бау АГ“. (Влада, свечена сала/11:00) Прес - конференција по потпишувањето на договорот. (Медија центар на Влада)

Скопје -  Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на годишната конференција за локална самоуправа и децентрализација во организација на Министерството за локална самоуправа насловена „Кон одржлива локална самоуправа: предизвици, можности и стратегија за иднината“. (х. „Александар Палас“/10:00)

Скопје - Доделување на државната награда „Мето Јовановски“ за 2024 година - највисоко признание за долгогодишни остварувања во промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права. (Собрание на Република Северна Македонија/10:00) 

Скопје - Народниот правобранител Насер Зибери на прес-конференција ќе ги презентира податоците за почитувањето на начелото на недискриминација и соодветна и правична застапеност за 2023 година. (канцеларија на Народниот правобранител, сала за состаноци 3-ти кат/11:00)

Скопје - Во организација на Делегацијата на Европската Унија и Јуроп хаус, во партнерство со Обединетите Нации и Министерството за образование, а во соработка со гејминг здружението Галактик Омнивор и Македонското здружение на млади правници ќе биде промовирана  онлајн-играта „Навигатор“ - интерактивна и едукативна платформа, чија цел е да ги едуцира младите и јавноста за човековите права. („Јавна соба“/11:00)

Скопје - Агенцијата за остварување на правата на заедниците по повод 10 Декември - Ден на човекови права организира манифестација со наслов „Различностите нè зближуваат“. (Салон 19,19 при Културно-информативниот центар во Скопје/ 19:00)

Скопје - Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе го одбележи својот 30-годишен јубилеј, симболично на Денот на потпишувањето на Универзалната декларација за човекови права -  10 Декември. (Правен факултет „Јустинијан Први“/ 13:00)

Скопје - Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ќе ја промовира Мрежата на жени во медиумите. (кафе Лабораториум/10:00)

Скопје - Прес-конференција на Коалицијата Вреди. (Канцеларии Мавровка/10:00)

Скопје - Прес конференција на пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев. (Прес-центарот на Собранието / 11:00)

 
Скопје - СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“ ќе добие донација 3Д принтер за отсекот забен техничар од гимназијата „Curt Nicolin“ од Финспонг, Шведска.  (Библиотека во СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“/11:30)

Скопје - Писателката и професорка на Факултетот за драмски уметности Ана Стојаноска ќе одржи интерактивно предавање со наслов „Да пишуваме за театар!“ (Друштвото на писателите на Македонија/19:00)

Скопје - Отворање на самостојната изложба „1000 добро изодени патеки“ на уметницата Елена Чемерска. (Културно-социјалниот простор „Центар-Јадро“/19:00)

____________________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан