• сабота, 06 јули 2024
МИА Најави МКД

 6 јули 2020 

Скопје - Вицепремиерот за економски прашања и координација со економските ресори Мила Царовска и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски ќе ја посетат компанијата „Акрон“, корисник на кофинансиран грант од ФИТР за проектот „Отпадно стакло“. (Компанија „Акрон“, во кругот на поранешна „Стакларница“/10:30, изјави за медиуми во 11:00)

Охрид - Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески ќе оствари работна посета на општина Охрид и со градоначалникот Константин Георгиевски ќе извршaт увид во изградба и реконструкција на водоводна и канализациска мрежа на ул. „Абас Емин“. (ул.„Абас Емин“, изјави за медиуми/12:30)

Куманово - Дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска ќе го посети граничниот премин Белановце-Станчиќ и ќе оствари работна средба со раководството. (11:00, изјави за медиумите во 11:30) 

Скопје - Градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев и заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули ќе остварат работна посета на градинката „Мајски цвет“. (Тафталиџе 1, ул. „Варшавска“ бр.15/10:30)

Скопје - Концерт „Скопје во три бои“ во рамки на културната манифестација „Скопско лето“. (Стара скопска чаршија, Сули ан/20:30)
 
ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2020 

Струмица - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и носителот на ИЕ 4 од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски ќе ја посетат општина Василево (17:00), општина Босилово (18:00) и општина Ново Село (20:30)

Скопје - Изјава на носителот на ИЕ1 од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјаноска Давкова. (Пред споменикот на деца бегалци, кај „Холидеј Ин“, ГТЦ/12:30)

- Трибина на тема „Дигитализација и ИТ можности“. (Плоштад Галија, Карпош/19:00) 

Куманово - Изјава на носителот на ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски. (с. Љубодраг/12:30)

Чешиново-Облешево - Носител на ИЕ 3 од ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев ќе ја посети општина Чешиново – Облешево. (Изјава во паркот во Чешиново/11:00) Посета на општина Кочани (изјава кај споменикот на Слободата/19:00)

Скопје - Кандидатот за прв премиер Албанец Насер Зибери ќе одржи прес-конференција. (Пред зграда на Влада/11:00, пристигнување на медиумите/10:45)

Скопје - Твоја Партија ќе одржи прес-конференција. (Кеј на Вардар, зад Влада/10:00)
__________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан