• четврток, 21 ноември 2024
МИА Најави МКД
1 јуни 2021 Скопје – Собранието на Република Северна Македонија ќе одржи продолженија на 29-та, 30-та, 34-та, 39-та и 41-ва седница. (Голема сала/12:00, 12:15, 12:30, 12:45, 13:00) Скопје – Седница на собраниската Комисија за труд и социјална политика. (сала „Борис Трајковски“/11:00) Криволак - Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и заменикот началник на Генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин ќе присуствуваат на презентација на моделите на лесните тактички оклопни возила на производителот „Oshkosh Defense“ за кои е планирано да станат составен дел од капацитетите на Армијата на Република Северна Македонија. (11:00) Скопје - Министерот за здравство Венко Филипче, амбасадорот на Словачка Хенрик Маркуш и претставници од компанијата „Алкалоид“ ќе присуствуваат на настан организиран од Универзитетската клиника за детски болести по повод Светскиот ден на детето. (во паркот пред Клиниката/10:00) Скопје - Брифинг за новинари на кој ќе биде претставена новата студија „Социјалните и економските ефекти од КОВИД-19 врз децата во Северна Македонија: ажурирање”, спроведена од страна на Фајнанс Тинк – Институт за економски истражувања и политики, со поддршка од УНИЦЕФ и УСАИД. (х. „Лимак“, сала „Аркадија“/11:00) Скопје - Промоција на поштенска марка „Република Северна Македонија на Европско првенство во фудбал 2020“. (Дирекција на АД „Пошта на Северна Македонија“/12:00) Скопје - Виртуелна конференција - Вмрежување, Clouds и безбедност за IT-Outsourcing -„Германско-македонско ИТ-Б2Б партнерство“. (10:00, додека Б2Б состаноците во 13:00) Скопје – Трет фестивал на кларинети „Кларифест – Скопје 2021“. (Салон 19,19 – КИЦ/19:19) Скопје - Фестивал за современ танц „Танц Фест Скопје 2021“. __________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини

Остани поврзан