• петок, 22 ноември 2024
МИА Најави МКД
Скопје - Седница на собраниската Комисија за економски прашања. (Сала „Борис Трајковски“/11:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (Сала „Борис Трајковски“/13:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите. (Сала 6/13:00) Скопје - Законодавно-правната комисија ќе ги одржи 111-та и 123-та. (Сала на Уставна комисија/15:00/15:10) Скопје - Претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе одржи средба со романскиот министер за надворешни работи,Богдан Ауреску. (Сала на Уставна комисија/11:20)

Скопје - Министерот за надворешни работи на Романија, Богдан Ауреску во официјална посета на Скопје.

- Пристигнување на  Ауреску во МНР (09:55)

 -Tет-а-тет средба меѓу министерот з анадворешни работи Бујар Османи и Ауреску (10:00-10:20)

 -Пленарна сесија меѓу двете делегации (10:20-10:50)

- Потпишување на Меморандум (10:50-10:55)     

- Прес-конференција  (10:55-11:15)     

Скопје - Економски форум „Заматен поглед нанапред: Многубројни неизвесности ги поткопуваат економските изгледи?”. (х.„Мериот“/11:00)

Велес - Директорот на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија, Хари Локвенец ќе го посети патниот премин на мостот Гемиџии во Велес, на којшто се врши целосна реконструкција со поставување на гумирани елементи. (Изјава за медиуми/12:00) 

Скопје - Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), Љупчо Јаневски ќе одржи прес-конференција на тема „Резултатите и ефектите од туризмот за 2021 година и целите и очекувањата на туристичкиот сектор за 2022 година“. (Простории на АППТ, ГТЦ, 2 кат/12:00)

Скопје - Прес-конференција на претседателите на Синдикат на Македонска пошта и СО на АД Пошта на Северна Македонија и претседателот на ССМ по повод започнувањето на штрајкот во Пошта на Северна Македонија. (Пред дирекцијата на Пошта на Северна Македонија АД/11:30)

Скопје - Здружението на одгледувачи на домашна автохтона раса овци „Праменка Овчеполка“ Скопје во соработка со ЗЗ Еко Овчеполка организира настан Пазарно истражување - дегустација на јагнешко месо од македонската автохтона раса на овци праменка овчеполка. (ГТЦ/11:00) Скопје - Доброволно противпожарно друштво „Бајрам Мифтари“-Чаир ќе изведе тактично-показна вежба за евакуација на ученици,наставен кадар и технички персонал. (СУГС „Зеф Љуш Марку“/14:30) Скопје - Отоврање на самостојната изложба на Владимир Величковски со селекција од слики и цртежи што ги има работено во изминатите неколку години насловена „Лирски експресии“. (КСП Центар Јадро/19:00) Скопје - Концерт во рамки на програмата на фестивалот „Денови на македонска музика“ со оркестарот на Филхармонија. (20:00)

Скопје - ПМГЏез концерти на „Стој, После!“ и „Кантон6“. (МАККА бар/21:00)

___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан