• петок, 28 јуни 2024
МИА Најави МКД
25 мај 2022  Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ја продолжи 71-та седница. (Голема сла/12:00) Скопје - Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе одржи средба со новинари на која ќе биде презентирана новата конференциска опрема во пленарната сала. (Собрание на РСМ, кристална сала/10:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство. (Сала „Борис Трајковски“/11:30) Скопје - Седница на собраниската Комисија за економски прашања. (Сала 4/13:00) Скопје - Слушателите на Генералштабниот курс на вооружените сили на Република Словенија во земјите на Западен Балкан на средба со собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (Сала на Уставна комисија/11:45) Скопје - Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас во посета на Република Северна Македонија. Скопје - Министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе се обрати на панел дискусијата „Патот до Брисел”, којашто е воведен настан на овогодинашниот Преспа форум за дијалог. (Клуб на пратеници/11:00, изјави за медиуми по завршување на воведниот дел) Скопје - Центарот за граѓански комунунации организира конференција на тема „Како до поефикасна заштита од корупција на локално ниво?“. (х.„Холидеј ин“/11:00) Скопје - Тркалезна маса на тема „Заедно до брзо решение на насилството врз жените и семејното насилство“ во организација на Сојуз-Национален совет за родова рамноправност. (х.„Лимак“/9:30) Охрид - Меѓународна археолошка конференција „Перспективите на балканската археологија (ПеБА)“. Скопје - Прес-конференција на групата „Меморија“ по повод концертот под отворено небо. (х.„Парк – 4“, до Градскиот стадион - арена Тоше Проески/13:00) Скопје -  Проекција на документарните филмови на Момир Матовиќ, продуцент, режисер и сценарист од Подгорица. (Кинотека на Северна Македонија/ 19:00) Куманово - Проекција на 15 филма од првите три изданија од ФИЛМАЈ фестивалот на краток филм - Куманово во организација на фото-кино клуб „Козјак" - Куманово. (Valhalla бар/20:00) Штип - Отворање на изложбата „Пресоздавање“ од авторот Слободан Милошески. (Уметничка галерија Безистен/12:30) Скопје - Kонцерт на квартетот „Инструментал“. (Салон 19:19/19:19)   ___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан