• понеделник, 01 јули 2024
МИА Најави МКД (ДПЛ)
4 јули 2022 Скопје – Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (Собрание/сала 4/12:00) Скопје - Премиерот Димитар Ковачевски ќе се сретне со лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села. (Клуб на пратеници/11:00) Скопје - Прес-конференција на вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, ирскиот министер за европски прашања Томас Бирн и министерката за европски прашања на Република Финска Тити Тупураинен. (https://youtu.be/MxwHejDy8kM/15:15) Струмица - Конференција на тема „Отворено за корупцијата во спортот - со фокус на мерката ваучери“, во организација на Кабинетот на вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска и во соработка со Канцеларијата на Обединетите нации за борба против дрога и криминал (UNODC). (Општина Струмица - Сала за совет/11:00) Тетово - Министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Агенцијата за вработување Беким Мурати ќе ги врачат договорите на одобрените апликанти од Центарот за вработување Тетово, за учество во мерките „Субвенционирање на плати“ и „Вработување и раст на правни субјекти“. (Центар за вработување Тетово/10:00) Куманово - Презентација на Вториот јавен повик за доделување грантови за развој на социјалните услуги на локално ниво што го спроведува Проектот за подобрување на социјалните услуги, имплементиран од Министерството за труд и социјална политика со поддршка на Светска банка. (сала на Совет на Општина Куманово/12:00) Скопје - Инфо сесија за Повикот за доделување грантови за поддршка на развојот на нови и постојни социјални претпријатија, како дел од проектот „Поддршка на социјалните претпријатија следејќи го принципот- Не оставај никој зад себе“. (ЗООМ платформа/10:30) Скопје - Прес конференцијата по повод отворањето на 21. издание на Фестивалот на европски филм Синедејс. (Музеј на современа уметност/19:30) Скопје - Изложба на алтернативни фотографии „Да растеме заедно“, како најава за фестивалот на алтернативна фотографија „Зрно“. (Културно информативниот центар-Скопје/20:00) Скопје - Официјално отворање на Европското првенство во танци 2022. (СЦ Јане Сандански/18:30) Скопје - Прес конференција на Видеолотарија Касинос Австрија и ФК Шкупи (Национална арена „Тодор Проески“/13:00) Скопје - Компанијата Xiaomi ќе го претстави Xiaomi CyberDog, робот со четири нозе чиј дизајн е инспириран од живите суштества. (Mosh ABC/14:30)  ___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Тагови

Остани поврзан