• вторник, 13 јануари 2026

МЗ: И покрај максималните напори на медицинскиот тим, исходот беше трагичен за двегодишното дете

МЗ: И покрај максималните напори на медицинскиот тим, исходот беше трагичен за двегодишното дете

Скопје, 2 јануари 2026 (МИА) - И покрај максималните напори на медицинскиот тим, исходот беше трагичен, истакнуваат попладнево од Министерството за здравство во врска со случајот со двегодишното дете повредено во новогодишната ноќ.

- Двегодишното детето беше примено на Ургентниот центар, а поради сериозноста на состојбата беше згрижено на Клиниката за неврохирургија, на одделот за интензивна нега, се интубираше, поставено на механичка вентилација, ординирана антибиотска и антиедематозна терапија, 24-часовен мониторинг, се наведува во денешното соопштение.

Како што се додава, интензитетот на деструкцијата на мозочното ткиво не дозволувал хируршко лекување.

- И покрај максималните напори на медицинскиот тим, исходот беше трагичен, како резултат на многу тешките повреди на мозокот од страна на метално страно тело. Изразуваме најдлабоко и искрено сочувство до семејството и најблиските во овие неизмерно тешки моменти, потенцираат од Министерството за здравство.

Оттаму апелираат до сите граѓани, новогодишните празници да се одбележуваат мирно и достоинствено, без употреба на пиротехнички средства, петарди, а особено без користење огнено оружје.

-Последиците од ваквото неодговорно однесување се сериозни и за жал, можат да бидат и фатални, велат од Министерството за здравство. бд/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан