• недела, 22 декември 2024

МЗШВ: „Ајде да пошумуваме заедно“ предвидува засадување 1 200 000 садници во 19 региони

МЗШВ: „Ајде да пошумуваме заедно“  предвидува засадување 1 200 000 садници во 19 региони

Скопје, 15 ноември 2023 (МИА) - Засадување 1 200 000 садници во 19 региони на 36 локации низ државата, превидува годинешната акција „Ајде да пошумуваме заедно“ на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) и ЈП „Национални шуми“.

Акцијата почнува овој месец, а ќе трае до март 2024 година. Опфаќа пошумување на над 400 хектари со бел и црн бор, јавор, багрем, смрча, даб, чемпрез, јасен, костен и ела.

-Шумите се нашите бели дробови, наше природно и национално богатство, кон кое сите ние треба одговорно да се однесуваме и да ги чуваме. Како Министерство, наша задача, но и на сите нас како граѓани, е да се грижиме и да ги чуваме нашите шумски убавини и редовно да вршиме обновување со нови садници, наведува МЗШВ.

Планираните активности за пошумување во ноември и декември се повеќе локации во Делчево, Берово, Куманово и Велес.

-Во Делчево на локацијата Стар Истевник пошумувањето ќе се одржи на 13, 15 и 17 ноември. На оваа локација на површина од над 96 хектари, засадеини ќе бидат 275.360 садници на бел бор, смрча, црн бор и багрем, а кон акцијата за пошумување ќе се приклучат Сојузот на извидници на Македонија, учениците од СУГС „Раде Јовчевски - Корчагин“ и компанијата Телеком. Во Берово на локацијата Будинарски рид пошумувањето ќе се одржи на 17, 20 и 22 ноември. На оваа локација на површина од 51 хекатар, засадни ќе бидат 102 000 садници на црн бор, бел бор и јасен. Кон акцијата за пошумување ќе се приклучат Халкбанка, КБ Пензинско друштво, учениците од СУГС „Орце Николов“ и Сојузот на извидници на Македонија.
Во Куманово на локацијата Кокино пошумувањето ќе се одржи на 26 ноември и 5 декември. На оваа локација на површина од 61 хектар, засадени ќе бидат 122 000 садници на бел бор, црн бор и ариз.чемпрес, а кон акцијата за пошумување ќе се приклучат Сојузот на извидници на Македонија и команијата ДМ Дрогерии. Во Велес на локацијата Новачани пошумувањето ќе се одржи на 27 ноември. На оваа локалција на површина од 33 хектари засадени ќе бидат 70 000 садници багрем, јавор и јасен, а кон акцијата за пошумување ќе се приклучи здружението Менендмаунтаин. Нашата успешна соработка со општествено одговорините компании и грѓански здруженија ја потврдивме од минатата година, кога заедно во 21 регион пошумивме повеќе од 300 хекатри, засадувајќи над 800 000 садници, наведува МЗШВ.

Министерството ги повикува сите граѓани, љубители на природата, да се приклучат во оваа голема акција за пошумување.

МЗШВ информира и дека се повеќе општествено одговорни компании и здруженија на граѓани се приклучуваат кон оваа акција, но и со свои иницијативи за пошумување и збогатување на шумскиот фонд во државата. „Халк банка“ изразила желба заедно со Министерството и ЈП „Национални шуми“ да ја реализира петгодишната донација на садници која треба да достигне вкупна бројка од еден милион садници. мч/дма/

фото: МЗШВ 

Остани поврзан