• понеделник, 23 декември 2024

Меџити: Предлог-законот за бранители нема да помине, дали СДСМ не беа искрени кога промовираа граѓански концепт или преку ноќ станаа националисти

Меџити: Предлог-законот за бранители нема да помине, дали СДСМ не беа искрени кога промовираа граѓански концепт или преку ноќ станаа националисти

Скопје, 26 септември 2024 (МИА) - Прашањето и дилемата е како СДСМ, партнерот на ДУИ, кој осум години го промовираше граѓанскиот концепт, преку ноќ предлага закон за бранители. Дали не беа искрени кога промовираа граѓански концепт или преку ноќ станаа националисти и предлагаат ваков закон?, рече денеска првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.

Одговорајќи на новинарски прашања во врска со Предлог-законот за бранителите поднесен од пратеничката и поранешна министерка за одбрана Славјанка Петровска, Меџити оцени дека на СДСМ не им е грижа ниту за бранителите, ниту за УЧК, туку како да се спасат од одговорноста.

Според Меџити, нема потреба за загриженост зашто законот нема да помине, а актуелната Влада, како што напомена, историски, од 90-тата година досега, има најстабилно мнозинство, 78 пратеници, близу две третини и има демократски и политички капацитет да ги решава проблемите во коалицијата. 

-Прашањето и дилемата е како СДСМ, партнерот на ДУИ, кој осум години го промовираше граѓанскиот концепт врз основа на кој добиваше и албански гласови, а има и високи албански функционери во своите редови, преку ноќ од граѓански концепт предлага закон за бранители преку поранешната министерка за одбрана Славјанка. Дилемата е дали не беа искрени кога промовираа граѓански концепт или преку ноќ станаа националисти и предлагаат ваков закон, но не им е грижа ниту за бранителите, ниту за УЧК, туку им е грижа како да се спасат од одговорноста, подвлече Меџити на прес-конференција по повод најавата за засилени контроли за квалитетот на воздухот. мч/са/

фото/видео: МИА

Остани поврзан