• недела, 22 декември 2024

Меџити и Лимани на средба со пензионери во Чаир

Меџити и Лимани на средба со пензионери во Чаир

Скопје, 8 јули 2024 (МИА) - Првиот вицепремиер Изет Меџити, заедно со министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу и пратеникот Беким Сали денеска се серетнаа со претставниците на Здружението на пензионери на Чаир.

Меџити ги информираше пензионерите за процедурата околу исплаќањето на средствата од линеарното покачување на пензиите во вредност од пет илјади денари.

-На 28 јуни на владина седница одлучивме да ги зголемиме пензиите за 5000 денари. Првата фаза од 2500 денари ќе започне од септември оваа година, додека втората фаза плус 2500 денари од март следната година. На предизборен состанок ние како Влен им ветивме на пензионерите дека нема да ги заборавиме. Во првите две недели од Владата веднаш ги исполнивме нашите ветувања. Но, тоа не е се’. Во блиска иднина ние ќе бидеме посветени линеарно да ги зголемиме уште повеќе бидејќи пензионерите го заслужуваат тоа. Граѓаните не веруваат со гласови. Ние ќе одговориме со работа. Ние гарантираме дека оваа Влада ќе ги третира граѓаните достоинствено и ќе им обезбеди подобра иднина што претходната влада скоро ништо не направи во овој поглед, рече Меџити.

Одговарајќи на новинарско прашање кога се очекува да има ново линеарно покачување на пензиите, тој истакна дека во иднина ќе следуваат други нови фази на зголемување.

-Уште во првата недела од владеењето, ова Влада ги зголеми пензиите на пет илјади денари. Не зборуваме за 900 денари, туку за пет илјади денари и ги кажав датумите на првата и втората фаза и ќе продолжиме со другите нови фази, рече Меџити.

На новинарско прашање дали со синдикатите ќе седне да разговара за нивното барање за покачување на минималната плата на 450 евра, министерот Лимани истакна дека се во контакт и планираат да седнат заедно за да видат какви се реалните можности.

-Во контакт сме. Планираме да седнеме заедно, да видиме каква е реално ситуацијата. Знаеме дека претходната влада искористила или злоупотребила буџет од околу 60 до 80 отсто од буџетот на нашето Министерство, со кое го доведе во прашање и редовните плати да се исплатат, но за ова дополнително ќе ве информираме, рече Лимани. фф/ац/

Фото: Демократско движење

Остани поврзан