Меѓународниот кривичен суд потсети дека Унгарија сè уште е обврзана да соработува со него
- Унгарија е обврзана да соработува со Меѓународниот кривичен суд (МКС) и откако Будимпешта изрази намера да се повлече од судот за време на посетата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, по кого е издаден налог за апсење, соопшти портпаролот на МКС, Фади Ел Абдалах.

Хаг, 3 април 2025 (МИА) - Унгарија е обврзана да соработува со Меѓународниот кривичен суд (МКС) и откако Будимпешта изрази намера да се повлече од судот за време на посетата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, по кого е издаден налог за апсење, соопшти портпаролот на МКС, Фади Ел Абдалах.
„Судот потсетува дека Унгарија е обврзана да соработува со МКС“, изјави за новинарите Ел Абдалах. рп/
Фото: МИА архива