• понеделник, 23 декември 2024

Меѓународната трговија на Камбоџа се зголеми на 37 милијарди долари од јануари до август

Меѓународната трговија на Камбоџа се зголеми на 37 милијарди долари од јануари до август
Пном Пен, 13 септември 2022 (МИА) - Вкупната меѓународна трговија на Камбоџа е зголемена за 21,5 отсто на 37,4 милијарди американски долари во првите осум месеци од оваа година, се наведува во извештајот на Камбоџанскиот генерален оддел за царини и акцизи.
Кина останува најголемиот трговски партнер на Камбоџа, а потоа следат САД, Виетнам, Тајланд и Сингапур. Во однос на извозот, САД остануваат најголемиот пазар за камбоџански производи. Извозот во САД изнесуваше 6.421 милиони американски долари, што е раст од 37 отсто на годишно ниво. Ова претставува 41 процент од вкупниот извоз на земјата. Виетнам и Кина се вториот и третиот извозен пазар со вредност од 1,469 и 804 милиони американски долари. паг/  

Остани поврзан