• понеделник, 25 ноември 2024

„Меѓаши“ ќе ги презентира наодите од годишниот извештај за работата на „Ало бушавко“

„Меѓаши“ ќе ги презентира наодите од годишниот извештај за работата на „Ало бушавко“

Скопје, 16 април 2024 (МИА) - Првата детска амбасада „Меѓаши“ денеска на прес-конференција ќе ги презентира наодите од годишниот извештај за работата на „Ало бушавко“ - телефонот за деца и млади.

Како што информираат од „Меѓаши“, овој извештај дава преглед на дојавите во периодот од 01.01.2023 до 31.12.2023 година, за проблемите поврзани со правото на заштита од насилство, правото на образование и правото на пристап до други институции, за кои се обратиле јавувачите и со нив поврзаните права на детето кои биле загрозени или прекршени (остварувањето на родителското право,
доделувањето старателство, остварувањето на правото на алиментација, промени во психичката состојба на децата во периоди на развод и нарушена комуникација со своите родители), како и улогата на волонтерите во работата на линијата за деца и млади.

Соработката и заеднички пристап и вредности, јакнење на свеста и препознавање на прекршувањето на правата на децата како и потребата од меѓусебна соработка, вмрежување и градење сеопфатен пристап преку вклучување на сите засегнати страни, се дел од темите кои ќе бидат опфатени во рамки на прес-конференцијата. фф/вг/

Фото: Меѓаши

Остани поврзан