• понеделник, 18 ноември 2024

„Мешаниот хор на Тесалоники“ ќе настапи во Филхармонија на 25 ноември

„Мешаниот хор на Тесалоники“ ќе настапи во Филхармонија на 25 ноември

Скопје, 18 ноември 2024 (МИА) - Амбасадата на Грција во Скопје организира специјален настап на „Мешаниот хор на Тесалоники“, на 25 ноември во малата концертна сала на Националната Филхармонија.

Репертоарот вклучува класична музика и современи грчки песни. Како солист на коцертот ќе настапи Александрос Сагурис, пијанист е Атанасиос Папаисиу, а диригент Мери Констандиниду.

„Мешаниот хор на Тесалоники“ е основан во 1987 година. Неговиот широк репертоар вклучува дела од ренесансата, класичниот и романтичниот период, ораториуми, опери, мјузикли и дела на современи грчки и странски композитори. Хорот имал бројни настапи во различни градови во Грција и странство, освојувајќи златни, сребрени и бронзени медали на меѓународни натпревари во Атина, Ланголен (Велс), Рим и Тампере (Финска). Покрај тоа, добил и медал за најдобар грчки хор. Хорот го води диригентката Мери Констандиниду од самото негово основање, се наведува во соопштението од Амбасадата на Грција во Скопје.са/

Фото: Амбасада на Грција

 

Остани поврзан